OBJ_BUCH-2004-003.book Page 236 Wednesday, November 13, 2013 4:20 PM
236 | Македонски
За активирање на мерењето, притиснете кратко на мерното
копче 2. Актуелната мерна вредност c ќе се прикаже во
долниот ред на екранот. Ласерскиот зрак ќе се исклучи.
За вклучување на ласерскиот зрак, кратко притиснете на
мерното копче 2. За активирање на друго мерење, одново
кратко притиснете на мерното копче 2. Во долниот ред ќе се
прикаже актуелната мерна вредност c. Во средниот ред се
прикажува претходната мерна вредност b. Во горниот ред ќе
се прикаже автоматскиот збир a (збирот од актуелната и
претходната измерена вредност).
Вклучување/исклучување на тонот (3 601 K72 5..)
Исклучете го мерниот уред.
Притиснете долго на мерното копче 2. Доколку
курсорот стои на саканата поставка, отпуштете го
мерното копче 2. По отпуштањето, мерниот уред се
вклучува со избраната поставка.
Менување на мерната единица (3 601 K72 57.)
Исклучете го мерниот уред.
Притиснете долго на мерното копче 2. Доколку
курсорот стои на саканата поставка, отпуштете го
мерното копче 2. По отпуштањето, мерниот уред се
вклучува со избраната поставка.
Осветлување на екранот
Осветлувањето на екранот е непрекинато вклучено. Доколку не притиснете на
копчето, осветлувањето на екранот се затемнува по околу 10 секунди заради
заштита на батериите. Осветлувањето на екранот се гаси по околу 30 секунди без
да притиснете на копчето.
2 609 141 073 | (13.11.13)
Bosch Power Tools