OBJ_BUCH-1279-007.book Page 155 Wednesday, October 19, 2016 10:12 AM
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое време, без да се намали
нивниот рок на употреба. Прекинот при полнењето не и наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена со „Електронска заштита на ќелиите (ECP)"
од длабинско празнење. Доколку батеријата е испразнета, батериските светилки
се исклучуваат со заштитен прекинувач.
По автоматското исклучување на батериската светилка, не притискајте
на прекинувачот за вклучување/исклучување. Батеријата може да се
оштети.
За вадење на батеријата 4 притиснете го копчето за отклучување 5 и извлечете ја
батеријата наназад од батериската светилка. Притоа не употребувајте сила.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Употреба
Ставање во употреба
Вметнување на батерија
Ставете ја наполнетата батерија 4 во главата на светилката 3, додека не се вклопи
правилно и не легне рамно во главата на светилката 3.
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на батериската светилка, притиснете го прекинувачот
за вклучување/исклучување 2.
За да ја исклучите, батериската светилка, одново притиснете го прекинувачот за
вклучување/исклучување 2.
За да заштедите енергија, вклучувајте ја батериската светилка само доколку ја
користите.
Заштита од преоптоварување во зависност од температурата
При пречекорување на дозволената температура на разладното тело од 60 °C
батериската светилка трепка 3x и се исклучува. Оставете ја батериската светилка
да се олади и повторно вклучете ја.
Совети при работењето
Батериската светилка свети со намалена осветленост, доколку ослободува
светлина ≤10 минути.
Со стаклото за распрскување светлина 1 светлото може да се распрскува,
доколку батериската светилка сакате да ја користите напр. како ламба за читање.
Bosch Power Tools
Македонски | 155
1 609 92A 2NU | (19.10.16)