Упатство за користење
Упатство за користење
MK
СЛУШАЛКИ И ЗАШТИТНИК ЗА СЛУХ СО ПРИДУШУВАЊЕ НА БУЧАВАТА
Овој заштитник за слух овозможува комуникација и непрекинат тек на музика преку Bluetooth®. Слушалките вклучуваат
безжична комуникација и непрекинат тек на музика преку уреди кои се компатибилни со Bluetooth® и A2DP.
Предупредување!
Овој заштитник за слухот е наменет за заштита на корисникот од опасни нивоа на бучава кога е поставен во согласност
со ова упатство за употреба. Секоја друга употреба не е планирана и затоа не е дозволена. Важно е да се следат
упатствата за употреба. Ако не ги следите упатствата, може да дојде до драстично намалување на придушувањето на
бучавата, што може да доведе до сериозни повреди.
Внимателно прочитајте го ова упатство за употреба!
• Во бучни опкружувања заштитникот за слух мора да се носи цело време со цел да обезбеди целосна заштита!
Целосна заштита се обезбедува само ако се носи 100% од времето.
• Чујноста на предупредувачките сигнали на одредено работно место може да биде нарушена поради прекумерната заштита
кога се користи заштитник за слух со преголеми перформанси за придушување на бучава во однос на бучната околина.
• Кога користите заштита на слухот со функциите за аудиозабава, не заборавајте да ја прилагодите јачината на звукот
кога работите во бучни околини, така што ќе може да се чујат сите предупредувачки сигнали и др.
• Кај некои лица, прекумерниот притисок на звукот од слушалките може да предизвика губење на слухот.
• Овој заштитник за слух се одликува со ограничување на нивоата на звучни сигнали од звучниците до максимални 82
dB(A) кои доаѓаат до увото.
• Не користете го овој производ во потенцијално експлозивна атмосфера.
• На овој производ негативно може да влијаат некои хемиски супстанции. За дополнителни информации обратете се кај
производителот.
• Осигурете се дека заштитниците за слух редовно ги проверувате за сервисирање.
• Карактеристиките за придушување на бучавата на заштитниците за слух може драстично да се намалат кога, на
пример, се користат со дебели рамки за очила, маски за скијање/фантомки, итн.
• Користењето на средства за хигиенска заштита или потење врз прстените за прицврстување може да ги намали
својствата на заштитниците за слух за придушување на бучавата.
• Штитниците за уши, а особено перничињата, може да се оштетат при употребата и затоа треба почесто да се
проверуваат за пукнатини или пропуштање.
• Веднаш фрлете го производот ако покажува знаци на пукање или оштетување.
• Приборот за хигиена треба да се менува најмалку двапати годишно. Изберете го вистинскиот комплет за хигиена за
вашиот заштитник за слух.
• Чистете го производот со благ сапун. Мора да бидете сигурни дека детергентот што го користите не предизвикува
иритација на кожата. Не потопувајте го производот во вода.
• Заштитникот за слух мора да се чува во суво, чисто опкружување, надвор од директна сончева светлина, на пример во
оригиналното пакување.
• Предупредување! Перформансите можат да се влошат со користење на батеријата. Типичниот период на
континуирана употреба што може да се очекува од заштитникот за слух е 55 часа.
Местење и прилагодување
Исчеткајте ја сета коса на страна од ушите и ставете ги штитниците за уши врз ушите така што ќе се наместат и припојат
удобно. Осигурете се дека вашите уши се целосно покриени со штитниците за уши и дека сте добиле еднаков притисок
околу ушите.
Носач за глава (сл. C1)
Приспособете ја големината на носачот за глава така што заштитникот да стои удобно на темето на главата.
Приклучок за шлем/капа (сл. C2)
Притискајте го приклучокот на шлемот на заштитниците за слух во лежиштето на шлемот додека не се заклучи во
правилната положба.
Поставете ги заштитниците за слух врз ушите и притискајте навнатре додека не слушнете звук во вид на „кликнување".
Прилагодете ги заштитниците за слухот и шлемот за да ги наместите во удобна положба.
УПАТСТВО ЗА КОРИСТЕЊЕ ЗА ФУНКЦИИТЕ НА BLUETOOTH®
Наполнете ги слушалките пред првата употреба! Погледнете го делот за полнење во упатството за користење.
Во зависност од моделот на телефонот и апликацијата, некои функции може да не се поддржани или можеби ќе треба
да се подесат на телефонот.
Првиот пат кога ќе ги користите слушалките треба да воспоставите безжична врска, „спарување", за комуникација
помеѓу единиците. Поврзувањето треба да се направи само еднаш за секој пар уреди. Слушалките можат да зачуваат
најмногу 8 различни уреди во својата меморија.
ПОВРЗУВАЊЕ: Кога слушалките се исклучени, притиснете и држете го притиснато 6 секунди копчето On/Off (А14) се
додека LED сијаличката не започне да трепка ЦРВЕНО/СИНО.
Активирајте го Bluetooth® на вашиот телефон (или друг уред) и изберете „Zekler Sonic" од листата. (Погледнете го
упатството за користење за телефонот). Ако телефонот побара ПИН-код, внесете четири нули (0000).
Во слушалките се слуша звучен сигнал со 2 тона кога ќе заврши поврзувањето. Сијаличката LED на слушалките трепка
сино. Ако поврзувањето не успее, исклучете ги слушалките и почнете одново од чекор 1.
Врската за поврзување автоматски се воспоставува со телефонот следниот пат кога слушалките ќе се вклучат.
ВКЛУЧЕНО: Притиснете го и задржете го притиснато копчето за вклучување/исклучување On/Off (А14). Звучниот сигнал
потврдува дека слушалките се вклучени и сијаличката LED трепка во сина боја.
ИСКЛУЧЕНО: Притиснете го и задржете го притиснато копчето за вклучување/исклучување On/Off за 4 секунди. Звучен
сигнал потврдува дека слушалките се исклучени.
Непрекинат тек на музика од уред со Bluetooth®
1. Вклучете ги слушалките (видете ги претходните чекори).
2. Стартувајте го репродукторот за музика на телефонот (или на друг уред).
56
Zekler Sonic