Descargar Imprimir esta página

AEG MSB2547D Manual De Instrucciones página 249

Ocultar thumbs Ver también para MSB2547D:

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 402
6. СЕКОЈДНЕВНА УПОТРЕБА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за заштита и
сигурност.
6.1 Општи информации за
користење на апаратот
• Откако ќе го исклучите апаратот,
оставете ја храната да постои неколку
минути.
• Отстранете ја амбалажата од
алуминиумска фолија, металните
садови и сл. пред подготвување на
храната.
Готвење
• Ако е возможно, гответе ја храната
прекриена со материјал што е погоден
за готвење со микробранови. Храната
гответе ја без капак само ако сакате да
биде крцкава
• Не гответе ги јадењата при високи
поставки на јачина и време. Храната на
некои места може да се исуши, прегори
или да се запали.
• Не користете го апаратот за варење
јајца или полжави во нивните оклопи
бидејќи можат да ескплодираат. Кога
пржите јајца, прво продупчете ја
жолчката.
• Храната со "кожа" или "кора", како
компири, домати, колбаси, прободете ја
со вилушка неколку пати пред да ја
зготвите за да спречите експлодирање.
• За разладени или замрзнати јадења,
потребно е подолго време за готвење.
• Јадењата што содржат сосови мора
одвреме навреме да се промешаат.
• Зеленчуците со цврста структура, какви
што се морковите, грашокот или
карфиолот, мора да се готват во вода.
• Поголемите парчиња храна по
изминување на половина од времето за
готвење.
• Ако е возможно, исечете го зеленчукот
на помали парчиња.
• Користете рамни, широки чинии.
• Не користете садови за готвење
направени од порцелан, керамика или
глина со неглазирано дно или со мали
дупчиња, на пр. на рачките. Влагата
што навлегува во дупките може да
предизвика садот за готвење да пукне
кога ќе се загрее.
• Статклениот плех за готвење е
неопходен за функционирањето на
микробрановата рерна. Ставете ја
храната или течностите на него.
Одмрзнување месо, живина, риба
• Ставете ја замрзнатата и
распакуваната храна на мала чинија
превртена наопаку, а под неа ставете
сад за да може во него да се собере
течноста од одмрзнувањето.
• Превртете ја храната кога ќе измине
половина од времето што е потребно за
одмрзнување. Ако е возможно, одвојте
ги и отстранете ги парчињата што
почнале да се одмрзнуваат.
Одмрзнување путер, парчиња торта/
колачи, урда
• Не одмрзнувајте ја храната целосно во
апаратот, туку оставете ја да се
одмрзне на собна температура. На тој
начин се постигнува поизедначен
резултат. Пред одмрзнувањето,
целосно извадете го металното или
алуминиумското пакување.
Одмрзнување овошје, зеленчук
• Ако овошјето и зеленчукот не треба да
се варат, не одмрзнувајте ги целосно во
апаратот. Оставете ги да се одмрзнат
на собна температура.
• Можете да користите микробранови со
поголема јачина за готвење на
овошјето и зеленчукот без претходно
да ги одмрзнувате.
Готови јадења
• Во апаратот можете да подготвувате
готови јадења само ако нивното
пакување е соодветно за употреба во
микробранови рерни.
• Мора да ги следите упатствата на
производителот што се отпечатени на
амбалажата (на пр. извадете го
металниот капак и продупчете ја
пластичната фолија).
МАКЕДОНСКИ
249

Publicidad

loading