Descargar Imprimir esta página

Bosch 3 601 M30 402 Manual Original página 377

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 64
За брзо и прецизно подесување на стандардниот агол
0° и 45° предвидени се фабрички поставените
граничници ((28), (25)).
Подесување на хоризонталниот агол на закосување
(аголен граничник) (види слика E)
Напомена: За регенерирачко сечење (долг клин)
користете соодветни уреди.
Хоризонталниот агол на закосување може да се
поставува во еден опсег од 60° (на левата страна) до 60°
(на десната страна).
– Отпуштете го копчето за фиксирање (65), доколку е
затегнато.
– Свртете го аголниот граничник додека агломерот (66)
не го покаже саканиот агол на закосување.
– Повторно затегнете го копчето за фиксирање (65).
За брзо и прецизно подесување на често користени
агли на закосување на аголниот граничник (3) има
завртки-граничници за агли од 45° (од лева, десна
страна) и 0°.
– Отпуштете го копчето за фиксирање (65), доколку е
затегнато.
– Свртете го лимот за подесување (67) кон надвор.
– Свртете го аголниот граничник на тој начин што
навојот на саканата завртка-граничник ќе биде десно
од лимот за подесување.
– Свртете го лимот за подесување (67) кон внатре и
свртете го аголниот граничник додека навојот на
завртката граничник не налегне на лимот за
подесување.
– Повторно затегнете го копчето за фиксирање (65).
Поставување на паралелниот граничник
Паралелниот граничник (8) може да се позиционира на
левата страна (црна скала) или на десната страна
(сребрена скала) од сечилото на пила. Ознаката на
лупата (68) го покажува поставеното растојание на
паралелниот граничник со сечилото за пила на скалата
(1).
Позиционирајте го паралелниот граничник на саканата
страна на сечилото за пила (види „Монтирање на
паралелниот граничник (види слика f)", Страница 374).
Подесување на паралелниот граничник
при неизвлечена маса за сечење
– Олабавете ја затезната дршка (51) на паралелниот
граничник (8). Поместувајте го паралелниот
граничник сè додека ознаката во лупата (68) не го
покаже саканото растојание до сечилото на пила.
При неизвлечена маса за сечење важи долниот натпис
на сребрената скала (1).
– За фиксирање, повторно притиснете ја затезната
дршка (51) надолу.
Подесување на паралелниот граничник
при неизвлечена маса за сечење (види слика F)
– Позиционирајте го паралелниот граничник десно од
сечилото за пила.
Bosch Power Tools
Поместувајте го паралелниот граничник додека
ознаката на лупата (68) не покаже на долната скала 33
cm.
За фиксирање, повторно притиснете ја затезната
дршка (51) надолу.
– Повлечете ја затезната дршка (18) за проширувањето
на масата за сечење целосно нагоре.
– Извлечете го проширувањето на масата за сечење
(11) кон надвор, додека показателот на растојание
(69) не го покаже саканото растојание кон сечилото за
пила на горната скала.
– Притиснете ја затезната дршка (18) надолу.
На тој начин ќе се фиксира проширувањето на масата
за сечење.
Подесување на дополнителен паралелен
граничник (види слика G)
За сечење на тесни предмети и за сечење под
вертикален агол на закосување мора да се монтира
дополнителен паралелен граничник (52) на паралелниот
граничник (8).
По потреба, дополнителниот паралелен граничник може
да се монтира на левата или десната страна на
паралелниот граничник (8).
Деловите за обработка може да се заглават помеѓу
паралелниот граничник и сечилото за пила при сечењето
и да го зафати и исфрли сечилото за пила.
Затоа дополнителниот паралелен граничник наместете го
на тој начин што крајот на водилката ќе завршува во
полето помеѓу предниот забец на сечилото за пила и
предниот раб на клинот за расцепување.
– Олабавете ги сите пеперутка-навртки од сетот за
прицврстување (39) и поместете го дополнителниот
паралелен граничник додека само двете предни
завртки ќе служат за прицврстување.
– Повторно затегнете ги пеперутка-навртките.
Подесување на клинот за расцепување
Клинот за расцепување (7) спречува сечилото за пила
(33) да се заглавува во засекот. Во спротивно постои
опасност на повратен удар, доколку сечилото за пила се
закачи на предметот за обработка.
Затоа секогаш внимавајте, клинот за расцепување да
биде правилно поставен:
– Радијалниот процеп помеѓу сечилото за пила и клинот
за расцепување смее да биде максимално 3 − 8 mm.
– Дебелината на клинот за расцепување мора да биде
помала од ширината на сечењето и поголема од
основната дебелината на листот.
– Клинот за расцепување мора секогаш да биде во една
линија со сечилото за пила.
– За нормални сечења за раздвојување клинот за
расцепување мора секогаш да биде во највисоката
можна позиција.
Македонски | 377
1 609 92A 4PX | (20.03.2019)

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

Gts 10 xc professional3 601 m30 4723 601 m30 4323 601 m30 462