Descargar Imprimir esta página

Bosch 0 601 5A0 303 Manual Original página 159

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 26
на батеријата (7). Од безбедносни причини, состојбата на
наполнетост може да ја проверите само доколку
електричниот алат е во мирување.
Притиснете го копчето за приказ за наполнетоста (13), за
да се прикаже состојбата на наполнетост. Ова исто така е
возможно и со извадена батерија.
LED-светилки
Трајно светло 5 x зелено
Трајно светло 4 x зелено
Трајно светло 3 x зелено
Трајно светло 2 x зелено
Трајно светло 1 x зелено
Трепкаво светло 1 x зелено
Доколку по притискањето на копчето (14) не свети LED
светилка, батеријата е дефектна и мора да се замени.
Промена на алат
Внимавајте при замената на секачот на рендето. Не
u
го фаќајте секачот на рендето на рабовите за
сечење. Може да се повредите од острите рабови за
сечење.
Користете го само оригиналното Bosch-HM/TC-сечило за
ренде.
Секачот за ренде од цврст материјал (HM/TC) има 2
секачи и може да се врти. Доколку двата раба на секачот
се тапи, секачот на рендето (18) мора да се замени. HM/
TC-секачот на рендето не смее дополнително да се остри.
Демонтирање на секачот на рендето (види слика D)
За вртење или менување на ножот на рендето (18)
свртете ја главата на ножот (15), додека не дојде
паралелно со подлогата на рендето (10).
➊ Олабавете ги двете завртки за прицврстување (17)
со клуч со внатрешна шестаголна глава (12), околу
1−2 вртења.
➋ Доколку е потребно, олабавете го затезниот елемент
(16) со лесно удирање со соодветен алат, на пр.
дрвен клин.
➌ Со дрвено парче турнете го странично секачот на
рендето (18) од главата на секачот (15).
Монтирање на сечилото на рендето (види слика E)
Со водечкиот жлеб од секачот на рендето постојано се
обезбедува еднакво подесување на висината при
менување одн. вртење.
Доколку е потребно, исчистете го лежиштето на секачот
во затезниот елемент (16) и секачот на рендето (18).
Внимавајте при монтажата на сечилото на рендето, тој
беспрекорно да лежи во водилката на прифатот на
затезниот елемент (16) и да се центрира рамно на
страничниот раб од задната подлога на рендето (10). На
крај цврсто затегнете ги 2-те завртки за прицврстување
(17) со клуч со внатрешна шестаголна глава (12).
Напомена: Пред да почнете со работа, проверете дали
се добро вметнати завртките за прицврстување (17).
Bosch Power Tools
Свртете ја главата на секачот (15) со рака и проверете
дали секачот на рендето стружи на некое место.
Всисување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
Капацитет
може да предизвика алергиски реакции и/или
> 80...100 %
заболувања на дишните патишта на корисникот или
> 60...≤ 80 %
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
> 40...≤ 60 %
важат за канцерогени, особено доколку се во
> 20...≤ 40 %
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
> 0...≤ 20 %
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
0 %
стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Редовно чистете го исфрлувачот на струготини (1). За
чистење на затнатиот исфрлувач на струготини користете
соодветен алат на пр. дрвено парче, компресиран воздух
итн.
Не ги фаќајте исфрлените струготини со раце. Може
u
да се повредите од ротирачките делови.
Заради обезбедување на оптимално всисување
постојано користете надворешен уред за всисување или
вреќичка за прав/струготини.
Надворешно всисување (види слика F)
На исфрлувачот за струготини од двете страни може да
се приклучи црево за всисување (Ø 35 mm) (19)
(опрема).
Поврзете го цревото за всисување (19) со всисувач за
прав (опрема). Прегледот за приклучување на
различните видови на всисувачи за прав ќе го најдете на
крајот од ова упатство.
Всисувачот за прав мора да е соодветен на материјалот
на парчето што се обработува.
При всисување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален всисувач.
Сопствено всисување (види слика F)
Кај поситните работи може да приклучите вреќичка за
прав/струготини (опрема) (20). Млазниците за
всисување зацврстете ги на исфрлувачот на струготини
(1). Празнете ја вреќичката за прав/струготини (20)
редовно, за да остане оптимално собирањето на прав.
Македонски | 159
1 609 92A 4PL | (21.02.2019)

Publicidad

loading