носете го уредот во предниот џеб.
• Овој производ не е дизајниран да биде медицински уред и не е наменет за дијагностицирање, третман, лекување или спречување каква
било болест. Сите податоци и мерења треба да се користат само за информативна намена. Ако забележите проблеми со кожата додека
го носите уредот, извадете го и одете на доктор.
• Уверете се дека адаптерот за напојување ги исполнува барањата од Додаток Q од IEC/EN 62368-1 и дека е тестиран и одобрен според
националните или локалните стандарди.
Информации за фрлање и рециклирање
Симболот на производот, батеријата, литературата или амбалажата значат дека производите и батериите треба да се однесат во
посебни места за собирање отпад одредени од локалните власти по крајот на работниот век. На тој начин ќе се обезбеди дека
отпадот од електричната и електронската опрема ќе се рециклира и ќе се третира на начин што ги зачувува вредните материјали и го
заштитува здравјето на луѓето и околината. За повеќе информации, контактирајте со локалните власти, продавачот или службата за
фрлање на отпадот од домаќинствата или посетете ја веб-локацијата https://consumer.huawei.com/en/.
Почитување на правните одредби на ЕУ
Ние, Huawei Device Co., Ltd., изјавуваме дека овој уред YDA-B19V е во согласност со неопходните барања и другите релевантни одредби од
Директивата 2014/53/ЕУ.
Целиот текст на Декларацијата за усогласеност за ЕУ, и најновите информации за додатоци и софтвер се достапни на следнава интернет-
адреса: https://consumer.huawei.com/certification.
Барања за изложување на радио-фреквенции
Уредот е радиопредавател и радиоприемник со ниска моќност. Како што се препорачува со меѓународните насоки, уредот е дизајниран да
43