130 | Македонски
Всисување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат за канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Редовно чистете го исфрлувачот на струготини (3). За
чистење на затнатиот исфрлувач на струготини користете
соодветен алат на пр. дрвено парче, компресиран воздух
итн.
Не ги фаќајте исфрлените струготини со раце. Може
u
да се повредите од ротирачките делови.
Заради обезбедување на оптимално всисување
постојано користете надворешен уред за всисување или
вреќичка за прав/струготини.
Надворешно всисување (види слика C)
Поставете црево за всисување (15) (опрема) на
исфрлувачот за струготини (3).
Поврзете го цревото за всисување (15) со всисувач за
прав (опрема). Прегледот за приклучување на
различните видови на всисувачи за прашина ќе го
најдете на крајот од ова упатство. Всисувачот за прав
мора да е соодветен на материјалот на парчето што се
обработува.
При всисување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален всисувач.
Сопствено всисување (види слика C)
Кај поситните работи може да приклучите вреќичка за
прав/струготини (опрема) (16). Млазниците за
всисување зацврстете ги на исфрлувачот на струготини
(3). Празнете ја вреќичката за прав/струготини (16)
редовно, за да остане оптимално собирањето на прав.
Исфрлувач на струготини што може да се избере
(GHO 26-82 D)
Со рачката за поместување (6) може да се подеси
исфрлувачот на струготини (3) кон десно или лево.
Притиснете го лостот за селекција (6) додека не се
1 609 92A 4LF | (26.10.2018)
вклопи во крајна позиција. Избраниот правец ќе се
прикаже со ознака со стрелка на лостот за селекција (6).
Употреба
Начини на работа
Подесување на длабочината на стругање
Со вртливото копче (2) може да се подеси длабочината
на стругање бесстепено од 0 – 1,6 mm (GHO 16-82) или 0
– 2,6 mm (GHO 26-82 D) со помош на скала за длабочина
на стругање (1) (поделба на скалата = 0,1 mm).
Држач на рендето при паузирање (види слика D)
Држачот на рендето при паузирање (25) овозможува
запирање на електричниот алат веднаш по работниот
процес без опасност од оштетување на делот што се
обработува или секачот на рендето. За време на
работниот процес, држачот на рендето при паузирање
(25) се подига нагоре и задниот дел на подлогата на
рендето се отпушта (7).
Напомена: Држачот на рендето при паузирање (25) не
смее да се демонтира.
Ставање во употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
u
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните алати означени
со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.
Вклучување/исклучување
Проверете дали можете да го притиснете
u
прекинувачот за вклучување/исклучување, без да
ја отпуштите рачката.
За ставање во употреба на електричниот алат најпрво
активирајте ја блокадата при вклучување (4) и потоа
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
(5) и држете го притиснат.
За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (5).
Напомена: Поради безбедносни причини прекинувачот
за вклучување/исклучување (5) не се блокира, туку мора
постојано да се држи притиснат за време на работата.
Совети при работењето
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Процес на рендање (види слика D)
Поставете ја саканата длабочина на стругање и поставете
го електричниот алат со предниот дел на подлогата од
рендето (7).
Ставете го електричниот алат само кога е вклучен
u
на делот што се обработува. Инаку постои опасност
од повратен удар, доколку алатот што се вметнува се
заглави во делот што се обработува.
Bosch Power Tools