162 | Македонски
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот алат
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
(11) и држете го притиснат.
LED светилката (9) свети доколку прекинувачот за
вклучување/исклучување (11) е половично или целосно
притиснат и овозможува осветлување на работното поле
при неповолни светлосни услови.
За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (11).
Поставување на број на вртежи
Бројот на вртежите на вклучениот електричен алат може
да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку
подалеку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/
исклучување (11).
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување (11) се постигнува мал број на вртежи. Со
зголемување на притисокот се зголемува и бројот на
вртежи.
Избирање на вртежниот момент (Важи за начин на
работење, навртување)
Со прстенот за подесување на вртежниот момент (3)
може да го изберете потребниот вртежен момент во 20
степени. Штом ќе се постигне вртежниот момент, алатот
за вметнување запира.
Механички избор на брзини
Прекинувач за избор на брзина (5) активирајте го
u
само кога електричниот алат е во празен од.
Брзина 1:
Низок опсег на вртежи; за работење со голем дијаметар
на дупчење или за навртување.
Брзина 2:
Висок опсег на вртежи; за работење со мал дијаметар на
дупчење.
Прекинувачот за избор на брзини секогаш
u
притискајте го до крај. Инаку електричниот алат
може да се оштети.
Заштита од преоптоварување во зависност од
температурата
Правилната употреба не може да го преоптовари
електричниот алат. При големо оптоварување или
работење надвор од дозволениот опсегот на работна
температура се намалува бројот на вртежи. Дури по
постигнувањето на дозволената работна температура,
електричниот алат повторно работи со полн број на
вртежи.
Целосна автоматска блокада на вретеното (Auto-Lock)
Доколку прекинувачот за вклучување/исклучување (11)
не е притиснат, вретеното за дупчење и прифатот на
алатот ќе се фиксира (1).
Ова овозможува навртување на завртки и при
испразнета батерија (7) одн. користење на електричниот
алат како одвртувач.
1 609 92A 6XZ | (03.11.2021)
Совети при работењето
Електричниот алат ставете го на завртката само
u
доколку е исклучен. Доколку алатите што се
вметнуваат се вклучени и се вртат, тие може да се
превртат.
Пред навртување на големи, подолги завртки во цврсти
материјали, претходно издупчете 2/3 од должината на
завртката според внатрешниот дијаметар на навојот.
За да го извадите битот за одвртувачот или
универзалниот држач за битови, може да користите
помошен алат.
Држач за појас
Со држачот за појас (6) може да го закачите
електричниот алат на пр. на ремен. Така двете дланки ќе
ви бидат слободни, а електричниот алат ќе го имате на
дофат во секое време.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите
u
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Ознаки за експлозија и
информации за резервните делови исто така ќе најдете
на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Д.П.Т.У "РОЈКА"
Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69
1000 Скопје
Е-пошта: servisrojka@yahoo.com
Тел: +389 2 3174-303
Моб: +389 70 388-520, -530
Bosch Power Tools