Descargar Imprimir esta página

LG 22MR410 Manual De Usuario página 83

Ocultar thumbs Ver también para 22MR410:

Publicidad

Важни мерки на претпазлиВост
Овој уред е конструиран и произведен за да ја осигури вашата лична безбедност, но сепак,
неправилната употреба може да предизвика потенцијален електричен удар или опасност од пожар.
Со цел да се обезбеди правилно функционирање на сите мерки на заштита вградени во овој екран,
придржувајте се кон следните основни правила за неговото инсталирање, употреба и сервисирање.
Сите мерки на претпазливост и безбедносни информации се однесуваат на моделите LCD и OLED.
Околу безбедноста
Користете го само кабелот за напојување кој е испорачан со уредот. Доколку користите друг кабел
за напојување кој не е обезбеден од страна на добавувачот, проверете дали има сертификат за
применливите меѓународни стандарди. Доколку кабелот за напојување е оштетен на кој било начин,
ве молиме обратете се до производителот или најблискиот овластен сервис за поправки за да го
замените.
Спојницата на апаратот се користи како уред за исклучување. Ве молиме осигурајте се дека уредот
е инсталиран во близина на штекерот на ѕидот во кој е приклучен и дека до штекерот има лесен
пристап.
Екранот приклучувајте го единствено на извор на електрична енергија како што е назначено во
спецификациите на ова упатство или на екранот. Ако не сте сигурни каков тип на напојување имате
во вашиот дом, обратете се до вашиот продавач.
Преоптоварените приклучоци за струја и продолжителните кабли се опасни. Истото важи и за
оштетените кабли за напојување и приклучоци. Ова може да предизвика опасност од електричен
удар или пожар. Обратете се до вашиот сервисер за замена.
Сè додека уредот е поврзан на ѕиден штекер на наизменична струја, тој е поврзан на извор на
напојување и покрај тоа што можеби е исклучен.
не отворајте го екранот:
Внатре нема делови кои можат да се поправаат од корисниците.
y
y
Постои опасност од висок напон, дури и кога напојувањето е ИСКЛУЧЕНО.
y
y
Доколку екранот не работи правилно обратете се кај вашиот продавач.
y
y
за да се избегне лична повреда:
Не поставувајте го екранот на закосена полица освен во случај кога тој е правилно обезбеден.
y
y
Користете единствено држач кој е препорачан од производителот.
y
y
Не испуштајте предмети врз производот и не применувајте сила врз истиот. Не фрлајте играчки
y
y
или предмети кон екранот.
Притоа може да дојде до повреда на луѓето, проблеми со производот и оштетување на екранот.
за да се спречи пожар и други опасности:
Секогаш кога подолго ќе ја напуштите собата ИСКЛУЧЕТЕ го екранот. Никогаш не оставајте го
y
y
екранот ВКЛУЧЕН кога го напуштате домот.
Не дозволувајте деца да испуштаат предмети врз екранот или да туркаат предмети во отворите
y
y
на куќиштето. Некои внатрешни делови се под висок напон.
Не користете додатоци кои не се дизајнирани за овој екран.
y
y
Кога екранот треба да го оставите без надзор подолго време, исклучете го од ѕидниот штекер.
y
y
При појава на громови и молњи, никогаш не допирајте ги каблите за напојување и сигнал
y
y
бидејќи тоа може да биде многу опасно. Тоа може да предизвика електричен удар.
Важни мерки на претпазлиВост
1

Publicidad

loading