Напомена: Ако работната температура ја надминува
45 °C, автоматиката за исклучување не може да се
деактивира.
За да го активирате автоматското исклучување,
исклучете го мерниот уред и повторно вклучете го.
Начини на работа
Мерниот уред има повеќе начини на работа, кои може да
ги промените во било кое време:
– Режим на вкрстени линии и точкест режим (види
слика A): Мерниот уред произведува хоризонтална и
вертикална ласерска линија нанапред, како и
вертикална ласерска точка нагоре и надолу.
– Хоризонтален режим (види слика B): Мерниот алат
произведува хоризонтална ласерска површина.
– Вертикален режим (види слика C): Мерниот уред
произведува вертикална ласерска линија.
При позиционирање на мерниот уред во соба,
вертикалната ласерска линија ќе покажува на таванот
над горната ласерска линија.
– Точкест режим (види слика D): Мерниот уред
произведува вертикална ласерска точка нагоре и
надолу.
За да го смените режимот на работа, притиснете на
копчето за режим на работа на ласерот (3) додека
ласерските зраци не се создадат во посакуваниот режим
на работа.
Сите начини на работа се можни со автоматика за
нивелирање, како и со функција за навалување.
Сите начини на работа се наменети за работа со ласерски
приемник (19).
Автоматика за нивелирање
Мерниот уред во секое време ја контролира положбата
за време на работата. При поставувањето во полето на
самонивелирање од ±4° работи со автоматиката за
нивелирање. Надвор од полето на самонивелирање се
менува автоматски во функција за навалување.
Работење со автоматика за нивелирање
(види слики A–D)
Поставете го мерниот уред на хоризонтална, цврста
подлога, прицврстете го на држачот (11) или на
стативот (21).
Автоматиката за нивелирање автоматски ги израмнува
нерамнините во полето на самонивелирање од ±4°. Штом
ласерските зраци трепкаат постојано, мерниот уред е
изнивелиран.
Доколку не е возможно автоматско нивелирање, на пр.
бидејќи подлогата на мерниот уред отстапува повеќе од
4° од хоризонталата, ласерските линии прво трепкаат 2 s
со брзо темпо, потоа секои 5 s неколку пати со брзо
темпо. Мерниот уред се наоѓа во функција на
навалување.
За дополнително работење со автоматиката за
нивелирање поставете го мерниот уред хоризонтално и
почекајте го самонивелирањето. Штом ќе се најде
Bosch Power Tools
мерниот уред во полето на самонивелирање од ±4°
ласерските зраци светат непрекинато.
При вибрации или промена на положбата за време на
работата, мерниот уред повторно се нивелира
автоматски. По повторното нивелирање, проверете ја
позицијата на ласерските зраци во однос на
референтните точки, за да се избегнат грешките при
поместување.
Работење со функција за навалување (види слика E)
Поставете го мерниот уред на навалена подлога. При
работењето со функција за навалување трепкаат
ласерските линии прво 2 s со брзо темпо, потоа секои 5 s
неколку пати со брзо темпо.
Во функцијата за навалување ласерските линии повеќе
не се нивелираат и не мора да се вертикално една кон
друга.
Контрола на точноста на мерниот уред
Влијанија на точноста
Најголемо влијание врши околната температура.
Особено температурните разлики кои се движат од подот
нагоре може да го пренасочат ласерскиот зрак.
Бидејќи температурните разлики се најголеми во близина
на подот, мерниот уред треба секогаш да се монтира на
статив почнувајќи од мерната линија од 20 m. Доколку е
возможно, поставувате го мерниот уред во средината на
работната површина.
Освен надворешните влијанија, до отстапување може да
доведат и влијанијата специфични за уредот (како на пр.
падови или јаки удари). Затоа, пред секој почеток на
работа проверете ја точноста на нивелирањето.
Најпрво проверете ја точноста на висините како и
нивелирањето на хоризонталната ласерска линија, а
потоа точноста на нивелирањето на вертикалната
ласерска линија.
Доколку при некоја од проверките мерниот уред го
надмине максималното отстапување, тогаш треба да се
поправи од страна на сервисната служба на Bosch.
Проверка на точноста на висината на хоризонталната
линија
За проверката потребна ви е слободна мерна линија од
5 m на цврста подлога помеѓу два ѕида A и B.
– Монтирајте го мерниот уред во близина на ѕидот A на
статив или поставете го на цврста, рамна подлога.
Вклучете го мерниот уред и изберете режим на
вкрстени линии.
Македонски | 163
1 609 92A 7LT | (28.04.2022)