Descargar Imprimir esta página

Rauch M2439 Instrucciones De Montaje página 24

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 29
MK
Прочитајте внимателно!
Зачувајте го за подоцнежна употреба!
Предупредување:
Бидете свесни дека поставеноста на креветчето во близина на отворен оган или силни
извори на топлина, како што се електрични грејачи, шпорети за гас, претставува
опасност.
Не користете го детското креветче ако одредени делови се скршени, распарчени или
оштетени или ако недостасуваат. Користете ги само резервните делови што се дозволени
од производителот.
Предмети, кои служат како потпора за нозе или претставуваат опасност од гушење и
давење, како што се кабли и јажиња од завеси, не треба да се оставаат во детското
креветче. Детското креветче не смее да се поставува во близина на такви предмети.
Никогаш не користете повеќе од еден душек во детското креветче.
Основата на креветот е прилагодлива по висина. Најниската положба е најбезбедна. Сè додека
детето не е доволно возрасно самостојно да седи, креветот треба да се користи само во оваа
положба.
Во случај на отстранување на преградните летви, треба да се отстранат три соседни летви за
да се избегне недозволена димензија на отворот. Внимавајте на тоа преградните летви да
бидат монтирани со пружините насочени нагоре. Чувајте ги отстранетите преградни летви
настрана од деца.
Дебелината на душекот треба да биде таква што внатрешната висина (од површината на
душекот до горниот раб на рамката на креветчето) во најниска положба на долниот дел на
креветот треба да изнесува 500mm, а во највисока положба најмалку 200mm.
Треба да се внимава при големината на душекот, да нема простор повеќе од 30mm помеѓу
душекот и краевите на креветчето, без оглед како е поставен душекот.
Од безбедносни причини за вашето дете, душекот не треба да биде подебел од 10 cm. Душекот
мора да има минимална должина од 1360mm за да се избегнат недозволени растојанија помеѓу
душекот и страничните краеви.
Сите делови за монтирање на креветчето мора да бидат соодветно зацврстени. Ова треба
редовно да се проверува. Доколку е потребно, олабавените делови треба да бидат затегнати,
инаку стабилноста на креветчето не е загарантирана.
За да се спречи паѓање, детското креветче не треба да се користи откако вашето дете ќе може
да се искачи преку креветчето.
За чистење користете памучна крпа без реси натопена со вода. Исчистените површини секогаш
да се избришат со сува крпа!

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

Mz091 01