Descargar Imprimir esta página

Bosch GWX 18V-7 Professional Manual Original página 279

Ocultar thumbs Ver también para GWX 18V-7 Professional:

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 42
Поставете ја заштитната хауба (9) на тој начин што
u
ќе го спречи летањето на искри во правец на лицето
што ја користи.
Во правецот на вртење на опремата заштитниот
u
капак (9) смее да се врти само со притискање на
лостот за отклучување (1)! Инаку, електричниот
алат не смее да се користи и мора да се предаде на
сервисната служба.
Напомена: Кодираните запци на заштитниот капак (9)
гарантираат, дека на електричниот алат може да се
монтира само еден заштитен капак што му одговара.
Заштитна хауба за сечење
За сечење секогаш користете заштитна хауба за
u
сечење (10) или заштитна хауба за брусење (9)
заедно со поклопецот за сечење (13).
При сечењето во камен погрижете се за доволно
u
вшмукување на правта.
Заштитната хауба за сечење (10) се монтира како
заштитна хауба за брусење (9).
Поклопец за сечење од метал
Монтирајте го поклопецот за сечење (13) од метал на
заштитната хауба за брусење (9) (види слика A):
Навалете го заштитниот држач наназад (➊). Ставете го
поклопецот (13) на заштитната хауба за брусење (9)(➋).
Цврсто притиснете го заштитниот држач за
прицврстување на заштитната хауба (9) (➌).
За демонтирање (види слика B) притиснете го копчето на
заштитниот држач (➊) и навалете го наназад (➋).
Извлечете го поклопецот (13) од заштитната хауба (9)
(➌).
Поклопец за сечење од пластика
Ставете го поклопецот за сечење (13) од пластика на
заштитната хауба за брусење (9) (види слика C).
Поклопецот (13) се вклопува звучно и видливо на
заштитната хауба (9).
За демонтирање (види слика D) отклучете го
поклопецот (13) на заштитната хауба (9) (➊) лево или
десно и извлечете го поклопецот (➋).
Хауба за вшмукување при сечење со лизгачка
водилка
Заштитната хауба за сечење со лизгачки водилки (25) се
монтира како заштитна хауба за брусење (9).
Заштита за дланките
Секогаш монтирајте ја заштитата за раце кога
u
работите со гумениот брусен диск (19) или со
лончестата четка/конусната четка/дијамантската
крунеста бургија (18).
Зацврстете ја заштитата за рацете (18) со
дополнителната рачка (7).
Стандардна-дополнителна рачка/дополнителна рачка
за придушување на вибрациите
Навртете ја дополнителната рачка (7)/(8) од десно или
од лево на погонската глава во зависност од начинот на
работа.
Bosch Power Tools
Користете го вашиот електричен алат само со
u
дополнителна рачка (7)/(8).
Не продолжувајте со работа со електричниот алат,
u
ако дополнителната рачка (7)/(8) е оштетена. Не
вршете промени на дополнителната рачка (7)/(8).
Дополнителната рачка за
придушување на
вибрациите (8)овозможува
работење со мали вибрации и пријатна и безбедна
работа.
Монтирање и демонтирање на брусни алати
Внимавајте на посебните напомени за
монтирање кај алатите за вметнување X-
LOCK.
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Не ги допирајте брусните плочи и дисковите за
u
сечење додека не се оладат. Плочите за време на
работењето стануваат многу жешки.
Користете само оригинални X-LOCK-алати за
u
вметнување што го имаат логото X-LOCK. Само со
оригинални X-LOCK-алати за вметнување се гарантира
дека ќе се одржи дебелината на стегање од макс.
1,6 mm. Поголема дебелина на стегање може да
доведе до небезбедно стегање, по што може да се
олабави стегата.
За X-LOCK-алатите за вметнување не требаат стезна и
u
потпорна прирабница.
Внимавајте на тоа да не се деформираат алатот што се
u
вметнува и прифатот и да нема нечистоти и други
честички на нив.
Внимавајте на димензиите на алатите за брусење.
Проверете дали двете X-LOCK-резиња за вклопување се
отворени (види следна слика), пред да се монтира X-
LOCK-алатот за вметнување.
Ев. исчистете го делот меѓу двете X-LOCK-резиња за
вклопување.
Монтирање на алатот за брусење
➊ Поставете ја брусната плоча/брусната плоча за
сечење/ламелестата брусна плоча центрирано и
паралелно со површина на налегнување и со точната
страна нагоре на X-LOCK-прифатот.
➋ Притиснете ја подлошката во правец на прифатот.
➌ Се слуша кога подлошка ќе се вклопи. Притоа не ја
притискајте рачката (3).
Македонски | 279
1 609 92A 76P | (22.05.2023)

Publicidad

loading