Descargar Imprimir esta página

Philips 2300 Serie Manual Del Usuario página 561

Ocultar thumbs Ver también para 2300 Serie:

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 110
Македонски
560
2 Почекајте 1 минута. Бројот на квадрати на лентата за тестирање што ќе станат црвени ја
означуваат тврдоста на водата (Сл. 47).
Поставете ја машината на точната тврдост на водата:
1 Притиснете го копчето за вклучување/исклучување за да ја исклучите машината.
2 Кога машината е исклучена, допрете и задржете ја иконата за јачина на аромата додека не се
вклучат сите светла на иконата (Сл. 2).
3 Допрете го копчето за јачина на аромата 1, 2, 3 или 4 пати. Бројот на вклучени светла треба да
биде ист со бројот на црвени квадрати на лентата за тестирање (Сл. 48). Кога нема црвени
квадрати на лентата за тестирање (што значи сите квадрати се зелени), изберете 1 светло.
4 Кога ќе ја поставите точната тврдост на водата, притиснете го копчето за старт/стоп
Бидејќи тврдоста на водата се поставува само еднаш, функцијата за јачина на аромата се користи
за избирање на тврдоста. Ова не влијае врз јачината на аромата на пијалаците што ќе ги правите
потоа.
Постапка на отстранување бигор (30 мин.)
Користете само средство за отстранување бигор на Philips. Во ниту еден случај не треба да користите
средство за отстранување бигор на база на сулфурна киселина, хлороводородна киселина,
аминосулфуреста или оцетна киселина (оцет) бидејќи ова може да го оштети колото за вода во
машината и нема да го раствори бигорот соодветно. Ако не користите средство за отстранување
бигор на Philips, гаранцијата нема да важи. Гаранцијата нема да важи и ако не извршувате чистење
бигор на апаратот. Може да купите раствор за отстранување бигор на Philips во онлајн продавницата
на www.philips.com/coffee-care.
Кога светлото за бигор/чистење се вклучува, треба да го исчистите бигорот од машината.
1 Осигурете дека машината е вклучена.
2 Ако е прикачен, отстранете го LatteGo или апаратот за млечна пена.
3 Отстранете ги послужавникот за капење и садот за мелено кафе, испразнете ги и вратете ги на
своето место.
4 Извадете го резервоарот за вода и испразнете го. Потоа извадете го филтерот за вода AquaClean.
5 Истурете го целото шише на средството за отстранување бигор на Philips во резервоарот за вода, а
потоа наполнете го со вода до Calc / Clean индикацијата (Сл. 49). Потоа повторно ставете го во
машината.
6 Ставете голем сад (1,5 l) под одводот за распрскување кафе и одводот за вода.
7 Притиснете ја иконата Calc / Clean 3 секунди, а потоа притиснете на копчето за старт/стоп
8 Ќе започне првата фаза од постапката за чистење бигор. Постапката за чистење бигор трае
приближно 30 минути и се состои од циклус на чистење бигор и циклус на плакнење. За време на
циклусот за чистење бигор, светлото на Calc / Clean трепка за да покаже дека фазата на чистење
бигор е во тек.
9 Оставете ја машината да го распрсне растворот за чистење бигор додека дисплејот не ве потсети
дека резервоарот за вода е празен.
10 Испразнете го резервоарот за вода, исплакнете го и повторно наполнете го со свежа вода до
нивото Calc / Clean.
11 Испразнете го садот и повторно ставете под одводот за распрскување кафе и одводот за вода.
Повторно притиснете го копчето за старт/стоп
12 Втората фаза од циклусот на чистење бигор, фазата на плакнење, започнува и трае 3 минути. За
време на оваа фаза светлата на контролната табла се вклучуваат и исклучуваат за да покажат дека
фазата на плакнење е во тек.
.
.
.

Publicidad

loading