Descargar Imprimir esta página

Bosch EasyLevel Manual Original página 295

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 47
Македонски | 295
Пренесување/проверка на висини со помош на
ласерската точка (точкаст режим) (види слика F)
Поставете го мерниот уред на држачот (14) и
израмнете го хоризонтално.
Со помош на ласерската точка може да израмнувате на
пр. приклучници на различни ѕидови или куки за
закачување на гардеробата на иста висина. За тоа
свртете го горниот дел на држачот (14) со мерниот
уред, а не мерниот уред на ѕидниот држач. Внимавате
при вртењето да не го допрете мерниот уред, инаку би
можел да се помести. По вртењето на горниот дел на
држачот (14), проверете, дали либелата за
хоризонтално израмнување (4) е сè уште на средината.
Доколку не е, коригирајте го израмнувањето на
држачот (14) со завртката за подесување (17) додека
либелата (4) не дојде повторно на средината.
Работење со статив (препорачано): Израмнете го
ласерскиот зрак на саканата висина. Пренесете ја одн.
проверете ја висината на целното место.
Работење без статив: Одредете ја висинската разлика
помеѓу ласерскиот зрак и висината на референтната
точка. Пренесете ја одн. проверете ја измерената
висинска разлика на целното место.
Проверка на хоризонталата/вертикалата со помош
на либела (види слика G)
На тој начин мерниот уред може да се користи како
васер-вага за проверка на хоризонтали или вертикали,
на пр., за да се постави рамно една машина за перење
или еден фрижидер. Поставете го мерниот уред со
алуминиумската потпорна површина (2) на
површината којашто треба да се провери.
При поставување на хоризонталните површини,
алуминиумската потпорна површина (2) мора да
покажува надолу, а при поставување на вертикални
Bosch Power Tools
1 609 92A 8KK | (24.02.2023)

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

0603663302