Descargar Imprimir esta página

TESY GCVS 804420 B11 TSR Instrucciones De Uso Y Mantenimiento página 196

Ocultar thumbs Ver también para GCVS 804420 B11 TSR:

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 27
Вентилот и елементите кои се поврзани за него мора
да бидат заштитени од замрзнување.
При загревање, уредот може да предизвика бучава
во вид на шиштење (вода која врие). Ова е нормално
и не покажува штета. Бучавата се зголемува со тек на
време и причината за неа се остатоците од бигор. За
да ја отстраните бучавата, уредот треба да се исчисти
од бигор. Овој вид на чистење не е покриен со
гаранцијата.
Со цел да се осигура безбедна работа на бојлерот,
безбедносниот вентил мора редовно да се чисти и
проверува дали функционира нормално/вентилот не
смее да биде попречен/, и за региони со многу тврда
вода треба да се чисти од насобраниот бигор. Оваа
услуга не е покриена со гаранцијата.
Сите промени и модификации на конструкцијата и
електричните кола на бојлерот се забранети. Ако
се установат промени и модификации при проверка,
гаранцијата на уредот станува неважечка и се
поништува. Промени и модификации се сите слчаи на
отстранување на елементи вградени од страна на
производителот, додавање на дополнителни компоненти
на бојлерот, замена на елементи со слични елементи кои
не се одобрени од производителот.
Овие инструкции важат за бојлери опремени со
разменувач на топлина.
Ако кабелот за напојување (кај модели кои
имаат таков кабел) се оштети, мора да се замени
од претставник на сервисот или лице со слична
квалификација, со цел да се избегне било каков ризик.
Овој уред може да се употребува од деца постари
од 8 години и лица со намалени физички, сензорни
или ментални способности или недостиг на знаење
и искуство ако се надгледуваат или насочуваат во
врска со употребата на уредот на безбеден начин и
гиразбираат вклучените опасности.
Децата не смеат да си играат со уредот.
Чистињето и одржувањето не смеат да го изведуваат
деца без надзор.
IV.
ОПИС И ПРИНЦИП НА РАБОТА
Уредот се состои од тело, обрач на долната страна /
за бојлери наменети за вертикална монтажа/ или
на страните /за бојлери наменети за хоризонтална
монтажа/, заштитен пластичен панел и безбедносен
вентил.
1.
Телото се состои од челичен резервоар (сад за вода)
и куќиште (надворешен оклоп) со термална изолација
поставена помеѓу, направена од еколошки чиста
полиуретанска пена со висока густина, и две цевки со
навој G ½ '' за довод на ладна вода (означени со син
прстен) и излезна цевка за топла вода (означена со
црвен прстен).
Македонски
Внатрешниот сад може да е од различен тип во
зависност од моделот:
Направен од челик, заштитен од корозија од
специјален слој од стакло-керамика
Направен од нерѓосувачки челик
Вертикалните бојлери може да се поврзат со вграден
уред за размена на топлина (цевка за бојлер). Влезот
и излезот на оваа цевка се лоцирани на страните и
претставуваат цевки со навој G ¾ ".
2.
Обрачок се состои од: електричен греач и
термостат. Греачите со слој од стакло-керамика имаат
магнезиумска заштита.
Греачот се користи за загревање на водата во садот
и се контролира преку термостатот, кој автоматски ја
одржува избраната температура.
Термостатот има вграден безбедносен уред кој штити
од прегревање, кој го исклучува греачот кога водата ќе
постигне високи температури.
3.
Безбедносниот вентил спречува целосно празнење
на уредот во случај на прекин на доводот за ладна
вода. Вентилот го штити уредот од зголемување на
притисокот на вредности поголеми од дозволените
при загревањето (притисокот се зголемува со
зголемување на температурата), преку испуштање
на притисокот низ отворот за истекување.
Безбедносниот вентил не може да го заштити
уредот во случај на притисок на доводот на вода
кој е поголем од назначените вредности за уредот.
V.
МОНТИРАЊЕ И ВКЛУЧУВАЊЕ
Сите технички и електрични поврзувања треба да
ги изведат квалификуваните техничари.
Квалификуван техничар е лице кое е компетентно според
регулативите на државата за која станува збор.
1.
Монтирање
Препорачуваме монтирање на уредот во близина на
местото каде што се користи топлата вода, со цел да се
намали губење на топлината при транспорт. Во случај
на монтажа на уредот во бања, избраната локација мора
да ја исклучи можноста за прскање на вода преку тушок
или додатокот за туширање. Уредот е фиксиран за ѕид
преку држач за монтажа кој е прикачен за телото на
уредот (ако држачот не е прикачен, треба да се прикачи
со доставените завртки). Двете куки се користат за
закачување на уредот (мин. Ø 10 mm) и цврсто треба
да се прикачат на ѕидот (не се вклучени во сетот за
монтажа). Конструкцијата на држачот за монтажа која
е дизајнирана за бојлери со вертикална монтажа е
универзална и овозможува растојание на куките од 220
до 310 mm (сл. 1a). За бојлери со хоризонтална монтажа,
растојанието меѓу куките варира за различните модели
и се назначени во табела 1 до сл. 1b.
Упатство за употреба и одржување
MK
163

Publicidad

loading