Вметнете ја глодалката за рабови во
единицата за вдлабнување (види слика A)
– Отворете ја затезната рачка (13), ако е затворена.
– Вметнете ја глодалката за рабови (1) во единицата за
вдлабнување докрај (2).
– Затворете ја затезната рачка (13).
По монтажата, проверете дали глодалката за
u
рабови (1) е цврсто поставена во единицата за
вдлабнување (2).
Всисување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат за канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Приклучување на всисувач за прав (види слика B)
Вметнете го адаптерот за всисувачот за прав (17) од
напред во единицата за вдлабнување (2). Вметнете го
делот од адаптерот (18) спротивно од завртката (17) во
единицата за вдлабнување (2). Фиксирајте го адаптерот
со завртката (18).
Прикачете го цревото за всисување (26)
(Ø 35 mm) (опрема) на монтираниот адаптер за
всисување (25). Поврзете го цревото за всисување (26)
со всисувач за прав (опрема).
Всисувачот за прашина мора да е соодветен на
материјалот на парчето што се обработува.
При всисување на честички прав кои се особено опасни
по здравје, канцерогени или суви, користете специјален
всисувач.
Bosch Power Tools
Употреба
Подесување на длабочината на глодање
(види слика C)
Подесувањето на длабочината на глодање смее да
u
се врши само доколку електричниот алат е
исклучен.
Грубо подесување на длабочината на глодање со
помош на граничник за длабочина и скала
– Електричниот алат со монтирана глодалка поставете го
на делот што се обработува.
– Свртете ја скалата за фино подесување (10) на „0".
– Граничникот за вртежи (8) поставете го на најнизок
степен; се слуша кога граничникот ќе се вклопи.
– Олабавете ја рачката за граничник за длабочина (5),
така што граничникот за длабочина (3) ќе може
слободно да се движи.
– Полека водете ја глодалката (1) надолу со притискање
на рачките (14) додека глодалката не ја допре
површината на делот за обработување. Притиснете го
лостот за заклучување (12), за да ја фиксирате
длабочината на глодање.
– Притиснете го граничникот за длабочина (3) надолу,
додека не легне на граничникот за вртежи (8).
Лизгачот со индексна ознака (4) поставете го на
позиција „0" на скалата за длабочина на глодање (11).
– Поставете го граничникот за длабочина (3) на саканата
длабочина за глодање и завртете ја рачката за
граничник за длабочина (5). Внимавајте на тоа,
лизгачот со индексната ознака (4) да не го
поместувате повеќе.
– Олабавете го лостот за заклучување на функцијата за
вдлабнување (12) и водете ја глодалката во најгорната
позиција.
Подесената длабочина на глодање ќе се достигне само
кога граничникот за длабочина ќе се допре до (3)
граничникот за вртежи за време на процесот на
вдлабнување (8).
При големи длабочини на глодање треба да се направат
повеќе процеси на обработка со помало вадење
струготини. Со помош на граничникот за вртежи (8) може
да го поделите процесот на глодање на повеќе степени.
Грубо подесување на длабочината на глодање со
помош на степените на граничникот за вртежи
– Електричниот алат со монтирана глодалка поставете го
на делот што се обработува.
– Свртете ја скалата за фино подесување (10) на „0".
– Граничникот за вртежи (8) поставете го на саканиот
степен; се слуша кога граничникот ќе се вклопи.
– Олабавете ја рачката за граничник за длабочина (5),
така што граничникот за длабочина (3) ќе може
слободно да се движи.
– Полека водете ја глодалката (1) надолу со притискање
на рачките (14) додека глодалката не ја допре
Македонски | 75
1 609 92A 8WV | (14.06.2023)