Descargar Imprimir esta página

Bosch GWS Professional 30-180 B Manual Original página 225

Ocultar thumbs Ver también para GWS Professional 30-180 B:

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 35
Кога дискот се навалува или кога го прекинува
u
сечењето заради некоја причина, исклучете го
алатот и држете го неподвижен додека дискот
целосно не запре. Никогаш не настојувајте да го
извадите дискот за сечење од засекот додека се
движи или може да дојде до одбивање. Проверете
и преземете поправно дејство за да ја елиминирате
причината за навалување на дискот.
Не започнувајте повторно со сечење во делот што
u
го обработувате. Почекајте додека дискот да
достигне целосна брзина и внимателно влезете
повторно во засекот. Дискот може да се навали,
придвижи или одбие ако го рестартирате моќниот алат
во делот што го обработувате.
Потпрете ги плочите или преголемиот дел што го
u
обработувате за да го намалите ризикот од
приклештување и одбивање на дискот. Големите
делови што ги обработувате се искривуваат под
својата тежина. Потпирачите мора да се стават под
делот што го обработувате покрај линијата на засекот и
покрај ивицата на делот што го обработувате на двете
страни на дискот.
Користете дополнителни мерки за претпазливост
u
кога правите "џебен засек" во постоечки ѕидови
или други слепи површини. Климав диск може да
пресече цевки за гас или вода, електрични жици или
предмети кои може да предизвикаат одбивање.
Безбедносни предупредувања специфични за
шмирглање
Не користете преголема шмиргла. Следете ги
u
упатствата на производителите, кога бирате
шмиргла. Големите шмиргли кои ја надминуваат
подлогата за шмирглање претставуваат опасност и
може да предизвикаат закачување, кинење на дискот
или одбивање.
Безбедносни предупредувања специфични за жичано
четкање
Внимавајте бидејќи четката исфрла жичани влакна
u
дури и за време на вообичаени операции. Не ги
преоптоварувајте жиците со преоптоварување на
четката Жичаните влакна може лесно да навлезат во
облека и/или кожа.
Ако се препорачува користење на заштита за
u
жичано четкање, не дозволувајте попречување
меѓу жичаниот диск или четката со заштита.
Жичаниот диск или четка може да се прошират во
дијаметар заради работното оптоварување и
центрифугалните сили.
Дополнителни безбедносни напомени
Носете заштитни очила.
Користете соодветни уреди за пребарување, за да
u
ги пронајдете скриените електрични кабли или
консултирајте се со локалното претпријатие за
Bosch Power Tools
снабдување со електрична енергија. Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и струен
удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до
експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки
предизвикува оштетување и може да предизвика
електричен удар.
Не ги допирајте брусните плочи и дисковите за
u
сечење додека не се оладат. Плочите за време на
работењето стануваат многу жешки.
Деблокирајте го прекинувачот за вклучување/
u
исклучување и ставете го во позиција Исклучено,
доколку се прекине напојувањето со струја, на пр.
по снемување струја или влечење на струјниот
приклучок. Со тоа ќе спречите неконтролирано
рестартирање на уредот.
Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку
u
го зацврстите со уред за затегнување или менгеме,
тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто
отколку со Вашата рака.
Опис на производот и
перформансите
Прочитајте ги сите безбедносни
напомени и упатства. Грешките настанати
како резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за
користење.
Употреба со соодветна намена
Електричниот алат е наменет за сечење, грубо брусење и
четкање на метални и камени материјали без употреба на
вода.
За сечење со композитни брусни средства мора да се
користи специјална заштитна хауба за сечење.
При сечењето во камен погрижете се за доволно
вшмукување на правта.
Со дозволените алати за брусење електричниот алат
може да се користи за брусење со брусна хартија.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричниот алат на графичката страница.
(1) Копче за блокирање на вретеното
(2) Приказ за состојба (LED)
(3) Прекинувач за вклучување/исклучување
(4) Филтер за прав
(5) Дополнителна рачка (изолирана површина на
рачката)
(6) Заштитен капак за брусење со затезен лост
(7) Заштитен капак за брусење со завртка за
фиксирање
Македонски | 225
1 609 92A 6EP | (10.05.2022)

Publicidad

loading