Descargar Imprimir esta página

Bosch GOP 18V-34 Professional Manual Original página 262

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 38
262 | Македонски
Не гледајте директно во него, може да ве заслепи.
u
За Вклучување на електричниот алат притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (2) нанапред,
така што на прекинувачот ќе се појави "I".
За Исклучување на електричниот алат притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (2) наназад,
така што на прекинувачот ќе се појави "0".
Напомена: Доколку електричниот алат автоматски се
изгаси поради испразнети или прегреани батерии,
исклучете го со прекинувачот за вклучување/
исклучување (2).
Наполнете ја батеријата одн. оставете го електричниот
алат да се излади, пред повторно да го вклучите. Инаку
батеријата може да се оштети.
Претходно избирање на број на осцилации
Со копчето за подесување на бројот на осцилации (6)
можете да го изберете потребниот број на вртежи и за
време на работењето на алатот.
Неопходниот број на осцилации зависи од материјалот и
работните услови и може да се одреди при практична
примена.
Се препорачува степенот на бројот на осцилации „6" за
сечење дрво. Степенот на бројот на осцилации „4" е
погоден за брусење, како и за сечење пластика и метал.
Внимание: Почитувајте го максималниот број на
осцилации наведен на алатите за вметнување или на
нивното пакување. Работете со алати за вметнување како
на пр. алати за брусење или Riff алати за вметнување со
максимален степен на број на осцилации „4".
Преголемиот број на осцилации значително го зголемува
абењето на алатите за вметнување или може да доведе до
нивно предвремено расипување.
Совети при работењето
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Почекајте додека електричниот алат сосема не
u
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Напомена: Не ги затворајте процепите за вентилација (5)
на електричниот алат за време на работата, инаку се
намалува животниот век на електричниот алат.
Работен принцип
Со помош на осцилирачкиот погон, алатот за вметнување
осцилира до 20000 пати во минута. Ова овозможува
прецизно работење на тесен простор.
Работете со низок и рамномерен контактен
притисок, инаку работните перформанси ќе
се намалат и алатот за вметнување може да
се заглави.
1 609 92A 8RD | (07.08.2023)
Движете го електричниот алат напред-назад
додека работите за да не се загрее премногу
и да не заглави алатот за вметнување.
Сечење
Користете само неоштетени, беспрекорни листови
u
за пила. Искривените или неостри листови за пила
може да се скршат, да влијаат негативно на сечењето
или да предизвикаат повратен удар.
При сечење на лесни градежни материјали,
u
внимавајте на законските одредби и препораки на
производителот на материјалот.
Смеат да се обработуваат само меки материјали
u
како дрво, гипс картон и сл. при сечење со
вдлабнување!
Пред сечењето со HCS-листови за сечење во дрво,
шперплочи, градежни материјали итн. проверете дали на
нив има туѓи тела како на пр. клинци, шрафови и сл.
Доколку има, отстранете ги или употребете биметални
листови за сечење.
Сечење
Напомена: При сечењето на ѕидни плочки внимавајте на
тоа дека електричните алати се изабуваат по долготрајна
употреба.
Брусење
Капацитетот на отстранување и изгледот во главно се
одредуваат според изборот на брусниот лист, степенот на
избраниот број на осцилации и притисокот на
површината.
Само беспрекорните брусни листови може да придонесат
за добар капацитет на брусење и одржување на
електричниот алат.
Внимавајте на рамномерноста на притисокот, за да го
зголемите рокот на употреба на алатот што се бруси.
Прекумерното зголемување на притисокот врз
површината не води кон зголемен капацитет на брусење,
туку кон поголемо изабување на електричниот апарат и
брусниот лист.
За прецизно брусење на агли, рабови и тешко достапни
места може да работите со врвот или еден раб од
основната брусна плоча.
При селективно брусење, брусниот лист може многу да
се затопли. Намалете го бројот на осцилации и
притисокот на површината и оставајте го брусниот лист
да се олади.
Брусниот лист со кој сте обработувале метал, не го
користете за други материјали.
Користете само оригинална Bosch брусна опрема.
При брусењето секогаш приклучувајте го всисувачот за
прав.
Стругање
При стругањето одберете повисок степен на број на
осцилации.
Bosch Power Tools

Publicidad

loading