Ставање во употреба
Вклучување/исклучување
За вклучување на електричниот алат поставете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (13) на I.
За исклучување на електричниот алат поставете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (13) на 0.
Совети при работењето
Заштитете ги алатите за глодање од удари.
u
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Правец и процес на глодање (види слика D)
Процесот на глодање секогаш мора да се извршува
u
спроти правецот на ротација на глодалката (7)
(спротивен тек). При глодање во правец на ротација
(ист тек) електричниот алат може да ви избега од
раката.
Користете го електричниот алат само со монтирана
u
корпа за глодалка (2). Загубата на контрола над
електричниот алат може да предизвика повреди.
Напомена: Земете во предвид дека глодалката (7)
секогаш е издадена над основната плоча (10). Не го
оштетувајте шаблонот или делот што се обработува.
Поставете ја саканата длабочина на глодање.
Вклучете го електричниот алат и водете го по местото што
треба да се обработи.
По глодањето исклучете го електричниот алат.
Не го оставајте електричниот алат на страна,
u
додека глодалката не дојде во состојба на
мирување. Електричните алати кои не се во состојба
на мирување може да предизвикаат повреди.
Глодање со копирна чаура (види слики E1–E3)
Со помош на копирната чаура (20) може да пренесувате
контури од нацрти одн. шаблони на делот што се
обработува.
Според дебелината на шаблонот одн. нацртот одберете ја
соодветната копирна чаура. Бидејќи висината на
копирната чаура стрчи, шаблонот мора да има
минимална дебелина од 8 mm (види слика E1).
Изберете помал дијаметар на глодалката од
u
внатрешниот дијаметар на копирната чаура.
Одвртете ги четирите цилиндрични завртки на долната
страна на лизгачката плоча (9) и извадете ја истата.
Ставете ја копирната чаура (20) во лизгачката плоча
(види слика E2).
Повторно прицврстете ја лабаво лизгачката плоча на
основната плоча (10). Лизгачката плоча мора да може
слободно да се движи.
За да биде подеднакво исто растојанието на средината на
глодалката и работ на копирната чаура, доколку е
Bosch Power Tools
потребно, копирната чаура и лизгачката плоча мора да се
центрираат една кон друга.
– Насочете ја лизгачката плоча така што глодалката и
копирната чаура ќе бидат центрирани кон лизгачката
плоча (види слика E3).
– Држете ја лизгачката плоча во оваа позиција и
прицврстете ги завртките за прицврстување.
За глодање со копирната чаура (20) постапете на
следниот начин:
– Поставете го електричниот алат со копирната
чаура (20) на шаблоните.
– Водете го електричниот алат со копирната чаура што
стрчи, со страничен притисок по должината на
шаблонот.
Обликување и глодање на рабови (види слика F)
При обликување и глодање на рабови без паралелен
граничник, глодалката мора да биде опремена со чивии-
водилки или куглично лежиште.
Водете го вклучениот електричен алат странично на
делот што се обработува, додека чивиите-водилки или
кугличното лежиште на глодалката не налегне на работ од
делот што се обработува.
Водете го електричниот алат по работ на делот за
обработка. Притоа внимавајте на точниот агол при
потпирањето. Преголемиот притисок може да го оштети
работ на делот што се обработува.
Глодање со паралелен граничник (види слика G)
За сечење паралелно по рабови може да монтирате
паралелен граничник (21).
Прицврстете го паралелниот граничник (21) на корпата
за глодалка (2) со назабена завртка (4).
Со пеперутка-завртката на паралелниот граничник (22)
поставете ја саканата длабочина на граничникот.
Водете го вклучениот електричен алат со рамномерно
движење и страничен притисок на паралелниот
граничник по должината на работ од делот што се
обработува.
Глодање со помагало при водење (види слика H)
Помагалото при водење (23) служи за глодање на рабови
со глодалка без чивии-водилки или кугличесто лежиште.
Прицврстете го помагалото при водење на корпата за
глодалка (2) со навртка (4).
Водете го електричниот алат по работ на делот за
обработка со еднаков притисок.
Странично растојание: За да ја промените количината
на отстранет материјал, можете да го подесите
страничното растојание помеѓу делот за обработка и
лизгачкиот валјак (26) на помагалото при водење (23).
Олабавете ја пеперутка-завртката (24), поставете го
страничното растојание со вртење на пеперутка-
завртката (25) и повторно затегнете ја пеперутка-
завртката (24).
Македонски | 133
1 609 92A 8RH | (10.08.2023)