Descargar Imprimir esta página

Philips 7000 Serie Manual De Instrucciones página 938

Ocultar thumbs Ver también para 7000 Serie:

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 250
Македонски
940
Забелешка: Модулот за вода не е соодветен за меки подови како што
се теписи.
Внимание: Модулот за вода не треба да се користи за
собирање вирчиња со вода.
Совети и други важни информации
-
Не е потребно да се смука подот пред бришењето, бидејќи поставката за
смукање и бришење активно применува влажно чистење на цврстиот
под за да собере секаков тип нечистотија, вклучувајќи течности и дамки.
На теписи и чергичиња, користете ја само поставката за правосмукање.
-
уредот може да остави малку вода на подот ако не го движите додека се
исклучува. Може да го намалите количеството вода што останува ако го
движите уредот додека се исклучува. Ако е потребно, соберете ги
последните капки со крпа.
Ограничувања на користењето
-
Поставката за смукање и бришење е соодветна за смукање и бришење
на сите типови цврсти подови, освен незаштитени дрвени подови.
-
Поставката за смукање и бришење е наменета за редовно чистење
цврсти подови. Секогаш следете ги упатствата за чистење за вашиот
цврст под кога го користите уредов.
-
Ако сакате да додадете течно средство за чистење подови што не е
средството за чистење подови XV1792 на Philips во водата во
резервоарот за чиста вода, користете средство за чистење што не пени
многу или воопшто и што може да се раствори во вода, како средството
за чистење подови XV1792 на Philips.
-
Со оглед на тоа што резервоарот за чиста вода има капацитет од 250 ml,
треба да додадете само неколку капки (максимално 10 ml) од течното
средство за чистење подови во водата.
-
Ако го користите уредот за смукање и бришење на подови од линолеум,
правете го тоа само на подови од линолеум што се соодветно
фиксирани за да се спречи вовлекување на линолеумот во млазницата.
-
Ако го поместите/подигнете уредот врз тепих или килим кога е
исклучен, капки од отпадната вода може да завршат на тепихот или
килимот.

Publicidad

loading