65W GaN Charger Bundle
ПРИРАЧНИК ЗА КОРИСНИЦИ
Ви благодариме што го купивте Epico 65W GaN CHARGER
BUNDLE. Веруваме ќе бидете задоволни со овој производ.
Опис на производот
Волтажа/напојување на влез: AC 100V-240V (50-60Hz) 1.5A
Излез 1 (Type-C PD): 5V/3A, 9V/3A, 12V/3A, 15V/3A, 20V/3.25A
Излез 2 (USB-A): 5V/3A, 9V/2A, 12V/1.5A (18W max.)
Моќност на излез: 65W
Материјал: ABS, PC
Тежина: 104 г
Димензии: 51 × 51 × 28 мм
Кабел:
Тип: USB-C / USB-C
Максимална моќност на полнење: 100 W
Максимална брзина на пренос на податоци: 480 Mbps
Должина: 2 m
Содржина на пакувањето
1× Epico 65W GaN CHARGER
1× USB-C кабел 2 m
1× прирачник за корисници
Користење на производот
1. За да наполните уред со влез USB-C, поврзете го USB-C
кабелот (вклучен во пакетот) со влезот USB-C во адаптерот
и поврзете го другиот крај на кабелот со вашиот уред.
2. За да наполните уред со влез USB-А, поврзете го едниот
крај од кабелот USB (не е вклучен во пакувањето) со
влезот USB-А на адаптерот, а другиот крај со телефонот.
Безбедносни упатства
1. Не користете го адаптерот ако покажува знаци на оштетување.
2. Никогаш не обидувајте се да го отворите адаптерот,
заштитете го од влажност, вода и високи температури. Не
поставувајте го адаптерот во близина на извори на топлина.
3. Доколку забележите дека адаптерот невообичаено се
прегрева или доколку забележите невообичаени звуци
или друг знак на расипување, исклучете го адаптерот од
напојување и контактирајте со соодветен техничар.
4. Чувајте го адаптерот подалеку од дофат на децата.
5. Одржувајте ги адаптерот и сите негови влезови чисти.
Исклучете го адаптерот од напојување пред да го чистите.
Чистете го само со сува крпа.
6. При користење, адаптерот може малку да се загрее. Обрнете особено
внимание на прекумерно прегревање. Доколку се прегрее, исклучете
го од напојување. Не ставајте какви било предмети врз адаптерот.
7. Адаптерот треба да е исклучен од напојување кога нема
да го користите.
8. Производителот не треба да биде одговорен за какви
било оштетувања на кој било уред, предизвикани од
несоодветно користење на овој производ.
Исклучување на одговорност
Овој полнач е наменет да се користи исклучиво со
соодветни мобилни уреди. Пред да го користите полначот
со нов уред, потврдете дека се заемно компатибилни.
Производителот не треба да биде одговорен за какви
било оштетувања на вашиот мобилен или друг уред,
предизвикани од несоодветно користење на овој производ.
Овој симбол на производот или во придружната
документација покажува дека производот не смее да
се смета за нормален комунален отпад и мора да се
отстрани во согласност со локалните прописи.. Фрлете
го овој производ на еколошки начин. Правилното
отстранување на овој производ ја штити животната
средина. За повеќе информации, контактирајте ја
локалната канцеларија за отстранување на отпад
од општината, најблиската точка за собирање или
дилерот.
Овој производ е во согласност со сите основни барања на
директивите на ЕУ што се однесуваат на него.
Класа II - Заштита од електричен удар се обезбедува
со двојна или засилена изолација.
Овој симбол покажува дека производот е наменет
само за внатрешна внатрешна употреба. Производот
не е наменет за надворешна употреба.
(65W max.)
MK