232 | Македонски
приклучок. Со тоа ќе спречите неконтролирано
рестартирање на уредот.
Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку
u
го зацврстите со уред за затегнување или менгеме,
тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто
отколку со Вашата рака.
При работата, држете го електричниот
алат цврсто со двете дланки и застанете
во сигурна положба. Со електричниот алат
посигурно ќе управувате ако го држите со
двете дланки.
Кај алати за вметнување со внатрешни навои, како
u
што се четки и дијамантски-крунести бургии, мора
да се почитува максималната должина на навојот
на вретеното за брусење. Крајот на вретеното не
смее да го допира дното на алатот за вметнување.
Складирајте ги алатите за вметнување во објекти
u
односно во простории кои се суви, со соодветна
температура и без опасност од замрзнување.
Пред транспорт на уредот отстранете ги алатите за
u
вметнување. На овој начин ќе избегнете оштетување.
Поврзаните дискови за брусење и сечење имаат
u
датум на истекување, по кој дисковите не смеат да
се користат.
Опис на производот и
перформансите
Прочитајте ги сите безбедносни
напомени и упатства. Грешките настанати
како резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за
користење.
Употреба со соодветна намена
Електричниот алат е наменет за сечење и четкање на
метал, камен, пластика како и грубо брусење во камени
материјали со дијамантска крунеста бургија без употреба
на вода. Притоа, осигурајте се дека користите правилна
заштитна хауба (види „Употреба", Страница 236).
При сечењето во камен погрижете се за доволно
вшмукување на правта.
Со дозволените алати за брусење електричниот алат
може да се користи за брусење со брусна хартија.
Технички податоци
Аголна брусилка
Број на дел
Номинална јачина
1 609 92A 91W | (13.11.2023)
Електричниот алат не смее да се користи за брусење
камени материјали со дијамантска лончеста плоча и за
обработка на композитни материјали.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на илустрираните компоненти се
однесува на приказот на електричниот алат на
графичката страница.
(1) Копче за блокирање на вретеното
(2) Амортизација на вибрациите
(3) Прекинувач за вклучување/исклучување
(4) Стандардна-дополнителна рачка (изолирана
површина на рачката)
(5) Клуч со два отвори за затезната навртка
(6) Заштитен капак за брусење
(7) Кодирани запци
(8) Затезен лост за заштитната хауба
(9) Шраф за подесување на заштитната хауба
(10) Приклучна прирабница со O-прстен
(11) Брусна плоча
(12) Плочеста четка (Ø 22,22 mm)
(13) Плочеста четка (M14)
(14) Затезна навртка
(15) Брзозатезна навртка
(16) Заштитен капак за сечење
(17) Диск за сечење
(18) Рачка (изолирана површина на рачката)
(19) Брусно вретено
(20) Дијамантски диск за сечење
(21) Капак за всисување за сечење со лизгачки
водилки
(22) Заштита за рацете
(23) Гумен брусен диск
(24) Брусно сечило
(25) Тркалезна навртка
(26) Лончеста четка
(27) Вилушкаст клуч
(28) Конусна четка
(29) Дијамантска крунеста бургија
(30) Дополнителната рачка за придушување на
вибрациите (изолирана површина на рачката)
a) Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од
стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може
да ја најдете во нашата Програма за опрема.
GWS 27-180 PR GWS 27-230 PR GWS 27-180 JR GWS 27-230 JR
3 601 HC6 1..
3 601 HC7 1..
W
2700
a)
a)
a)
a)
a)
a)
a)
a)
a)
a)
a)
a)
a)
a)
a)
a)
a)
3 601 HC6 3..
3 601 HC7 3..
2700
2700
Bosch Power Tools
2700