други батерии.
b) Користете ги уредите само со посебно назначени
батерии. Користењето на било кои други батерии
може да доведе до опасност од повреда и пожар.
c) Кога батериите не се користат, држете ги
настрана од метални предмети како што се
спајалици за хартија, парички, клучеви, клинци,
шрафови или други, мали метални предмети
кои можат да спојат еден пол со друг. Краткиот
спој на половите на батериите може да предизвика
изгореници или пожар.
d) Во услови на злоупотреба може да дојде до
исфрлање на течност од батеријата; избегнувајте
контакт. Ако дојде до случаен контакт, измијте го
местото со вода. Ако течноста дојде во контакт
со очите, дополнително побарајте и лекарска
помош. Течноста која истекува од батеријата може
да предизвика иритација или изгореници.
e) Не употребувајте комплет со батерии или уред
којшто е оштетен или изменет. Оштетените
или изменетите батерии можат да реагираат
непредвидливо и да предизвикаат пожар, експлозија
или опасност од повреда.
f) Следете ги сите упатства за полнење и не
полнете го комплетот со батерии или уредот
надвор од температурниот опсег наведен
во инструкциите. Неправилното полнење или
полнењето на температура што е надвор од
наведениот опсег, може да ја оштети батеријата и да
ја зголеми опасноста од пожар.
5) Сервисирање
a) Уредот сервисирајте го кај квалификувано лице
кое користи само идентични резервни делови.
Со ова се обезбедува безбедно одржување на
уредот.
b) Никогаш не поправајте ги оштетените комплети
со батерии. Поправката на комплетите со батерии
треба да ја врши само производителот или некој
овластен сервис.
БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА
ЗА ВЕНТИЛАТОРОТ
a) Не дозволувајте вентилаторот да се користи
како играчка. Потребно е големо внимание кога се
користи од страна на деца или во нивна близина.
b) За да се намали ризикот од лична повреда и
електричен удар, со вентилаторот не треба да се
игра, ниту пак тој да се поставува на места каде
што малите деца можат да го дофатат.
c) Не ставајте вентилатори или нивни батерии во
близина на оган или топлина. Ова ќе го намали
ризикот од експлозија и евентуално повреда.
d) Одржувајте ги вентилаторот и неговата дршка
суви, чисти и без масло и маст на нив. Секогаш
користете чиста крпа кога чистите. Никогаш не
користете течности за сопирачките, бензин,
производи на база на нафта или какви било
силни растворувачи за чистење на вентилаторот.
Следењето на ова правило ќе го намали ризикот од
губење на контролата и влошување на пластиката на
куќиштето.
e) Батериите можат да експлодираат во присуство
на извор на палење, како што е контролна
лампа. За да се намали ризикот од сериозна
лична повреда, никогаш не користете никаков
безжичен производ во присуство на отворен
пламен. Од батерија по експлозија може да
излетаат остатоци и хемикалии. Ако се изложите
на тоа, веднаш исплакнете се со вода.
f) Не спалувајте ја батеријата, дури и ако
е сериозно оштетена. Батериите може да
експлодираат во пожар.
g) Не е за употреба во кујни.
h) Зачувајте ги овие упатства. Читајте ги често и
користете ги за да ги поучите другите кои може
да го користат овој вентилатор. Ако го позајмите
овој вентилатор на некој друг, исто така, позајмете
му ги и овие упатства за да спречите злоупотреба на
производот и можни повреди.
ПРЕД УПОТРЕБА
•
Запознајте се со контролите и со правилната
употреба на уредот
•
Проверете ја функционалноста на уредот пред секоја
употреба и во случај на дефект, веднаш повикајте
квалификувано лице да го поправи; никогаш не
отворајте го сами
•
Никогаш не ракувајте со уредот ако има дефектна
цевка или куќиште
•
Заменете ги изабените или оштетените делови
•
Одржувајте ги сите навртки, завртки и шрафови
затегнати за да бидете сигурни дека машината е во
безбедна работна состојба
ВО ТЕКОТ НА УПОТРЕБАТА
ПО УПОТРЕБА
•
Чувајте го уредот во затворен простор на место
кое е недостапно за деца. Да се чува подалеку од
корозивни агенси.
- комплетот на батерии и алатот треба да се чуваат
одделно
БАТЕРИИ
•
Обезбедената батерија, ако ја има, е делумно
наполнета (за да се обезбеди целосен капацитет
на батеријата, целосно наполнете ја батеријата
во полначот на батеријата, пред за првпат да ја
употребите вашата машина)
•
Користете ги исклучиво следниве батерии и
полначи со оваа машина
- Батерија SKIL: BR1*21****, BR1*31****
- Полнач SKIL: CR1*21****,CR1*31****
•
Оштетената батерија не треба и понатаму да се
користи; треба да се замени
•
Не расклопувајте ја батеријата
•
Никогаш не изложувајте ги на дожд алатот/
батеријата
•
Дозволена температура на околината (алат/полнач/
батерија):
- при полнење 4...40°C
- при работа -20...+50°C
- при складирање –20...+50°C
ОБЈАСНУВАЊЕ НА СИМБОЛИТЕ ЗА АЛАТОТ/
БАТЕРИЈАТА
3 Пред употреба прочитајте го прирачникот за
употреба
4 Батериите може да експлодираат ако се изложат на
91