OBJ_BUCH-777-010.book Page 217 Thursday, September 29, 2016 3:35 PM
Заштита за дланките
При работа со гумен диск 19 за брусење или со
лончеста четка/четка во вид на плоча/ламелести
брусни дискови во вид на лепеза секогаш користете
ја заштитата за дланки 17.
Зацврстете ја заштитата за дланки 17 со дополнителната
дршка 3.
Монтирање на брусни алати
Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Не ги допирајте брусните плочи и брусните плочи за
сечење додека не се оладат. Плочите за време на
работењето стануваат многу жешки.
Исчистете го вретеното за брусење 4 и сите делови што
треба да се монтираат.
За зацврстување и олабавување на брусните апарати
притиснете го копчето за блокирање на вретеното 1, за да
го зацврстите вретеното за брусење.
Копчето за блокирање на вретеното активирајте го
само доколку вретеното за брусење е во состојба на
мирување. Инаку електричниот апарат може да се
оштети.
Брусни плочи/брусни плочи за сечење
Внимавајте на димензиите на брусните апарати.
Дијаметарот на дупката мора да одговара на приклучната
прирабница. Не користете адаптери или редуктори.
При употребата на дијамантските брусни плочи за сечење
внимавајте на тоа, стрелката за правецот на вртење на
дијамантската брусна плоча за сечење да се поклопува со
правецот на вртење на електричниот апарат (погледнете
ја стрелката за правец на вртење на погонската глава).
Редоследот на монтажата може да се види на графичката
карта.
За зацврстување на брусната плоча/брусната плоча за
сечење ставете ја стезната навртка 9 и затегнете ја со клуч
со два отвора, видете во делот „Брзозатезна навртка".
По монтажата на брусниот апарат, пред
вклучувањето, проверете дали брусниот апарат е
точно монтиран и дали може слободно да се врти.
Проверете дали брусниот апарат не струга на
заштитната хауба или другите делови.
Во приклучната прирабница 7 околу
централниот венец е ставен
пластичен дел (O-прстен). Доколку
недостига O-прстенот или е
оштетен, приклучната прирабница 7
мора да се замени пред понатамошна
употреба.
Ламелеста брусна плоча во вид на лепеза
При работата со ламелеста брусна плоча во вид на
лепеза секогаш монтирајте ја заштитата за дланки
17.
Bosch Power Tools
Гумен диск за брусење
При работењето со гумен диск 19 за брусење
секогаш монитрајте ја заштитата за дланките 17.
Редоследот на монтажата може да се види на графичката
карта.
Пред монтажата на гумениот брусен диск 19 oставете ги
2-та дистанцери 18 на вретеното за брусење 4.
Зашрафете ја тркалезната навртка 21 и затегнете ја со
клуч со два отвори.
Лончеста четка/плочеста четка
При работењето со лончеста четка или плочеста
четка секогаш монтирајте ја заштитата за дланките
17.
Редоследот на монтажата може да се види на графичката
карта.
Лончестата четка/плочестата четка мора да се зашрафи на
вретеното за брусење до тој степен цврсто да налегне на
прирабницата на вретеното за брусење на крајот на
навојот на вретеното за брусење. Затегнете ја лончестата
четка/плочеста четка со вилушкаст клуч.
Брусен лонец
Редоследот на монтажата може да се види на графичката
карта.
Зашрафете ја затезната навртка 9 и затегнете ја со
свитканиот клуч со два отвори 16.
Брзозатезна навртка
За едноставна промена на алатот за брусење без
користење на други алати, наместо стезната навртка 9
може да употребите брзозатезна навртка 11.
Брзозатезната навртка 11 смее да се користи само
за брусните плочи или брусните плочи за сечење.
Користете само беспрекорни, неоштетени
брзозатезни навртки 11.
При зашрафувањето внимавајте на тоа, испишаната
страна на навртката 11 да не покажува кон брусната
плоча; стрелката мора да покажува кон ознаката на
индексот 26.
Притиснете на копчето за
блокирање на вретеното 1,
26
за да го зацврстите
вретеното за брусење. За
да ја зацврстите
брзозатезната навртка,
силно завртете ја брусната
плоча во правец на
стрелките на часовникот.
Македонски | 217
1 609 92A 2C8 | (29.9.16)