Descargar Imprimir esta página

Hisense HS205G Manual De Usuario página 256

Sistema de teatro en casa de barra de sonido de 2.0 canales

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 18
Решавање проблеми
З
а гаранцијата да биде важечка, никогаш не обидувајте се да ја поправате единицата
самите. Ако се соочувате со проблеми кога ја користите оваа единица, проверете ги
следниве ставки пред да побарате сервис.
Нема напојување
Осигурете се дека кабелот за наизменично напојување на единицата е правилно
поврзан.
Уверете се дека има електрична енергија во приклучницата за електрично напојување.
Притиснете го копчето за подготвеност за да ја вклучите единицата.
Осигурете се дека кабелот за едносмерна електрична енергија на адаптерот за
напојување е правилно поврзан.
Далечинскиот управувач не работи
Пред да притиснете кое било копче за контрола на репродукција, прво изберете
го точниот извор.
Намалете го растојанието помеѓу далечинскиот управувач и единицата.
Ставете ги батериите со поларитетите (+/-) поставени како што е наведено.
Заменете ги батериите.
Насочете го далечинскиот управувач директно кон сензорот на предниот дел на
единицата.
Нема звук
Зголемете ја јачината на звук. Притиснете VOL+ на далечинскиот управувач или на
единицата.
Притиснете ИСКЛУЧУВАЊЕ ЗВУК на далечинскиот управувач да се осигурате дека на
саундбарот не му е исклучен звукот.
Притиснете го копчето source да изберете различен извор на внес.
Кога користите кои било од дигиталните внесови, ако нема аудио:
- обидете се да го поставите излезот на телевизорот на PCM или
- поврзете го директно на вашиот Blu-ray/друг извор, некои телевизори немаат
дигитално аудио.
Вашиот телевизор може да е поставен на променлив аудио излез. Уверете се
дека поставката на аудио излез е поставена на ФИКСНА или СТАНДАРНА, не на
ПРОМЕНЛИВА. За подетални информации погледнете го корисничкото упатство за ТВ.
Ако користите Bluetooth, осигурете се дека јачината на звук на вашиот изворен уред е
зголемена и на уредот не му е исклучен звукот.
Не можам да го најдам Bluetooth името на оваа
единица на мојот Bluetooth уред за спарување со
Bluetooth
Осигурете се дека функцијата Bluetooth е активирана на вашиот Bluetooth уред.
Осигурете се дека сте ја спариле единицата со вашиот Bluetooth уред.
Ова е функција за исклучување напојување по 15
минути, едно од стандардните барања на ERPII за
штедење енергија
Кога нивото на надворешен влезен сигнал на единицата е прениско, единицата
автоматски ќе се исклучи за 15 минути. Зголемете ја јачината на звук на вашиот
надворешен уред.
EN
SP
FR
DE
PT
IT
SL
HR
CZ
SK
HU
SR
BS
MK
SQ
PL
RO
GR
BG
DK
SE
FI
NO
IS

Publicidad

loading