ПОЛНЕЊЕ
Интелигентната повеќенаменска станица доаѓа со кабел за полнење. // Поврзете го на
електричната мрежа, на најмалку 1 m оддалеченост од сите грејни тела. // Проверете дали
кабелот е директно вклучен во електричната мрежа и не користете разводници и продолжни
кабли. // Интелигентната повеќенаменска станица е прилагодена само за овој модел и не може
да се комбинира со други модели што немаат ист дизајн. // За време на полнењето, процентот
на наполнетост на батеријата ќе се прикаже на екранот на правосмукалката. // Уредот не може
да се вклучи додека се полни.
РАБОТА
1
Копче за вклучување/исклучување.
2
На дигиталниот екран се прикажани неколку различни функции на употреба:
-
Икона за батерија: наполнетост на батеријата во %
-
Икона со пречкртан валјак: кога е осветлена оваа икона, треба да се отстрани нешто што е
закачено на четката.
-
Икона за полн сад: садот треба да се испразни.
-
Копче и икони на екранот за контрола на брзината: со копчето може да ја прилагодите моќта
на вшмукување // правосмукалката има три брзини на вшмукување. // Може да изберете
помеѓу три различни брзини (максимална (до 13 минути), средна (до 20 минути), минимална
(до 60 минути)).
ОТСТРАНУВАЊЕ НА УРЕДОТ
Ако сакате да го замените или ако повеќе не Ви е потребен уредот, треба да размислите и за
заштитата на животната средина.
Пред да ја фрлите правосмукалката, батеријата мора да се отстрани. // За безбедно
отстранување на батеријата, проверете дали е целосно испразнета. Ако уредот нема батерија
што се вади, следете ги упатствата дадени во брошурата со слики.
САД ЗА ПРАВ И ФИЛТРИ
1
Сад за прав и филтри
Интелигентна повеќенаменска станица: горниот дел има простор за вреќичката каде што се
собира правот од садот. Извлечете ја вреќичката од жлебовите и фрлете ја во ѓубре. Во
пакувањето има дополнителни вреќички. Шифрата на вреќичките е напишана во внатрешниот
дел. Кога ќе се потрошат, употребете ја за да купите нови во продавница или да нарачате преку
интернет. // Филтерот, што, исто така, може да го замените по потреба, се наоѓа во истиот дел
на дното.
Правосмукалка: извадете го цревото од моторната единица. // За да го исчистите садот за прав,
притиснете го копчето од страната на моторната единица и иглата ќе го ослободи садот. //
Најпрвин, подигнете го садот за прав за дното на садот и потоа извадете го од моторната
единица под агол. // Извлечете го обрачот со филтерот од садот. // Свртете го филтерот налево
за безбедно да го извадите од обрачот. // Садот, навлаката и филтерот може да се избришат,
протресат или да се исплакнат со млака вода, но бидете внимателни, бидејќи неправилното
ракување може да оштети делови од правосмукалката. // Проверете дали сите делови се
целосно суви пред повторно да го поставите садот во уредот. // За да ги поставите внатрешните
делови на садот, правилно составете ја правосмукалката, следејќи ги чекорите за расклопување
во обратен редослед. // При инсталирањето на садот за прав, најпрвин поставете го садот на
горниот дел каде што има мала игла за оваа намена, а потоа, повторно прикачете го садот на
моторната единица под агол. // Никогаш не чистете без поставен филтер за прав.
2
Замена на филтерот
Ако забележите дека филтерот е оштетен, веднаш заменете го. Со редовна употреба,
препорачуваме да го менувате филтерот на секои шест месеци за да се обезбеди најдолг
животен век на правосмукалката.
26