Не дозволувајте продолжниот кабел да поминува
или да се заплетка под машината.
► Сл.23
► Сл.24
Линиите на двете страни на главното тело се
водилки за ширината на косење. Користејќи ги овие
линии како водилки, косете во ленти. Преклопете
ја за една половина до една третина претходната
лента за да го искосите тревникот рамномерно.
► Сл.25: 1. Ширина на косење 2. Област на
преклопување 3. Линија
Секој пат менувајте ја насоката на косење за да
спречите формирање на шема на тревникот во само
една насока.
► Сл.26
Повремено проверувајте ја корпата за трева за
искосена трева. Испразнете ја корпата пред да се
наполни. Пред секоја повремена проверка, запрете
ја машината.
НАПОМЕНА: Користењето на косилката со
полна корпа за трева спречува мазно вртење
на сечилото и додава дополнителен товар на
моторот, што може да предизвика дефект.
Косење тревник со висока трева
Не обидувајте се да косите висока трева наеднаш.
Наместо тоа, косете го тревникот во неколку фази.
Оставете ден-два помеѓу две косења, додека
тревникот не се изедначи.
► Сл.27
НАПОМЕНА: Косењето долга трева со куса
должина наеднаш може да предизвика тревата
да умре. Исто така, исечената трева може да ја
блокира внатрешноста на уредот на косилката.
Косење на рабовите
Кога косите на работ, движете ја машината покрај
работ.
► Сл.28
ОДРЖУВАЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
одржувањето, исклучете го продолжниот кабел
од напојувањето и проверете дали сечилата
целосно запреле.
ВНИМАНИЕ:
Кога вршите одржување,
секогаш носете ракавици.
За да се одржи БЕЗБЕДНОСТА и СИГУРНОСТА
на производот, поправките, одржувањата или
дотерувањата треба да се вршат во овластени
сервисни или фабрички центри на Makita, секогаш
со резервни делови од Makita.
Пред да извршите
196 МАКЕДОНСКИ
Одржување после косење
После косење, избришете ја машината со сува крпа
или крпа натопена во сапуница. Исто така, користете
мека четка за да ја исчеткате исечената трева и
земја од сечилата.
ЗАБЕЛЕШКА:
За чистење, не користете
нафта, бензин, разредувач, алкохол или
слично. Тие средства ја вадат бојата и може да
предизвикаат деформации или пукнатини.
Складирање
1.
Откачете го продолжниот кабел.
► Сл.29: 1. Продолжен кабел
2.
Отворете го задниот капак и отстранете ја
корпата за трева.
► Сл.30: 1. Заден капак 2. Корпа за трева
3.
Одвртете ги рачните навртки додека ја
држите рачката, потоа малку проширете ја рачката
нанадвор и потоа склопете ја.
► Сл.31: 1. Рачна навртка 2. Рачка 3. Ознака
4. Стрелка
ВНИМАНИЕ:
При склопувањето на рачката,
внимавајте да не ги потфатите рацете или
прстите.
НАПОМЕНА: Уверете се дека стрелката ја
покажува ознаката што се наоѓа најнапред.
4.
Затегнете ги рачните навртки.
► Сл.32: 1. Рачна навртка
5.
Отворете ги лостовите, а потоа ставете го
кабелот преку лостот.
► Сл.33: 1. Лост 2. Кабел
6.
Вратете ги лостовите до половина положба
како што е покажано на сликата.
► Сл.34: 1. Лост
7.
Склопете ја рачката.
► Сл.35: 1. Рачка
8.
Поставете ја машината како што е прикажано
на сликата.
► Сл.36
ВНИМАНИЕ:
Осигурете се дека сте
ја складирале машината во затворена
просторија и поставете ја на рамна површина.
Во спротивно, машината може да падне и да
предизвика повреда.
Може да ја складирате машината на следниот начин.
1.
Откачете го продолжниот кабел.
► Сл.37: 1. Продолжен кабел
2.
Отворете го задниот капак и отстранете ја
корпата за трева.
► Сл.38: 1. Заден капак 2. Корпа за трева