ВНИМАНИЕ:
Секогаш монтирајте ја
касетата за батерија целосно додека црвениот
индикатор не се изгасне. Во спротивно, може
ненадејно да испадне од уредот, предизвикувајќи
ви повреда вам или на некој друг околу вас.
ВНИМАНИЕ:
Немојте да ја монтирате
касетата за батеријата на сила. Ако касетата
не може да се лизне лесно, тоа значи дека не е
поставена правилно.
Укажување на преостанатиот
капацитет на батеријата
Само за батерии со индикатор
► Сл.4: 1. Индикаторски ламбички 2. Копче за
проверка
Притиснете го копчето за проверка на касетата
за батеријата за укажување на преостанатиот
капацитет на батеријата. Индикаторските ламбички
светнуваат неколку секунди.
Индикаторски ламбички
Запалено
Исклучено
НАПОМЕНА: Во зависност од условите на
користење и амбиенталната температура,
индикацијата може да се разликува во мала мера
од реалниот капацитет.
Систем за заштита на алатот/
батеријата
Алатот е опремен со систем за заштита на алатот/
батеријата. Овој систем автоматски го прекинува
напојувањето на моторот за да го продолжи
работниот век на алатот и на батеријата. Алатот
автоматски ќе се исклучи за време на работењето
ако тој или батеријата се најдат под еден од
следниве услови:
Преостанат
капацитет
Трепка
75% до 100%
50% до 75%
25% до 50%
0% до 25%
Наполнете ја
батеријата.
Батеријата
можеби е
неисправна.
187 МАКЕДОНСКИ
Заштита од преоптоварување
Кога со алатот или батеријата се работи на начин
што предизвикува повлекување прекумерно висока
струја, тој автоматски се исклучува без никаква
индикација. Во таква ситуација, исклучете го алатот
и запрете со примената што предизвикала негово
преоптоварување. Потоа, повторно вклучете го
алатот.
Заштита од прегревање
Кога алатот или батеријата се прегреани, алатот
автоматски запира. Во овој случај, оставете ги
алатот и батеријата да се оладат пред повторно да
го вклучите алатот.
Заштита од прекумерно празнење
Кога капацитетот на батеријата нема да биде
доволен, алатот автоматски се исклучува. Во овој
случај, извадете ја батеријата од алатот и наполнете
ја.
Копче за напојување и индикатор
за батерија
ВНИМАНИЕ:
Пред да го вклучите уредот,
осигурете се дека алатот или машината
се исклучени. Во спротивно, алатот или
машината може ненадејно да се стартуваат и да
предизвикаат повреда.
► Сл.5: 1. Ламбичка за главно напојување 2. Копче
за напојување
За вклучување на напојувањето, притиснете го
копчето за напојување. Ламбичката за главно
напојување светнува зелено. За исклучување на
напојувањето, задржете го копчето за напојување
притиснато неколку секунди.
НАПОМЕНА: Доколку уредот или поврзаниот алат
или машина се оставени 8 часа без надзор, уредот
автоматски ќе се исклучи.
Доколку ламбичката за главно напојување трепка
зелено, адаптерот не е поврзан со уредот или
батериите се празни. Во овој случај, поврзете го
адаптерот со уредот или наполнете ги батериите.
Доколку ламбичката продолжи да трепка зелено,
погледнете го решавањето проблеми.
Доколку ламбичката за главно напојување
наизменично трепка црвено и зелено, исклучете
го напојувањето, а потоа вклучете го. Доколку
ламбичката за главно напојување наизменично
трепка црвено и зелено по вклучување на
напојувањето, побарајте го вашиот локален
овластен сервисен центар на Makita за поправка.