Притиснете го копчето за напојување за да се
прикаже преостанатиот капацитет на батеријата.
Ламбичката на индикаторот што одговора на секоја
од портите за батерија свети околу 5 секунди.
Индикаторски ламбички
Запалено
Исклучено
НАПОМЕНА: Ламбичката на индикаторот за
преостанатиот капацитет на батеријата е само за
референца. Вистинскиот капацитет на батеријата
може да се разликува зависно од условите на
користење.
НАПОМЕНА: Доколку алатот или машината
имаат ламбичка на индикаторот за преостанатиот
капацитет на батеријата, не погледнувајте
во ламбичките на индикаторот од алатот или
машината, туку во ламбичките на индикаторот од
уредот.
Користење на џебот за адаптер
ВНИМАНИЕ:
Не користете го уредов со
кабелот што е прицврстен со помош на кука
или спојка на јамката од џебот за адаптер.
Адаптерите може да ги ставите во џебот за адаптер
како што е прикажано на сликата.
► Сл.6: 1. Адаптер 2. Џеб за адаптер
► Сл.7: 1. Адаптер 2. Џеб за адаптер
СОСТАВУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред да извршите каква било
работа на уредот, секогаш проверувајте дали
тој е исклучен и дали касетата за батеријата е
извадена.
Склопување на уредот
1.
Прицврстете ја кутијата за батерија на
основната плоча како што е прикажано на сликата.
Блокирајте ги лостовите на двете страни од
основната плоча откако сте ја прикачиле кутијата за
батерии.
► Сл.8: 1. Лост 2. Кутија за батерии 3. Основна
плоча
ВНИМАНИЕ:
Осигурете се дека кутијата
за батерии и цврсто затегната на основната
плоча и блокирана со лостовите. Во спротивно,
кутијата за батерии може да падне кога го носите
или користите уредот и да предизвика повреда.
Преостанат
капацитет
Трепка
50% до 100%
0% до 50%
Наполнете ја
батеријата.
188 МАКЕДОНСКИ
2.
Нагодете ја позицијата на ременот за појас.
Повлечете го лостот за нагодување на висината,
нагодете ја позицијата на ременот за појас со
лизгање на основната плоча и потоа вратете го
лостот.
► Сл.9: 1. Лост за нагодување на висината
2. Основна плоча 3. Ремен за појас
ЗАБЕЛЕШКА:
Доколку лостот за нагодување
на висината е лабав, затегнете ја неговата
навртка. Кога ќе ја затегнувате навртката, не
затегнувајте ја прекумерно. Во спротивно, лостот
за нагодување на висината нема да се движи.
► Сл.10: 1. Навртка
3.
Прикачете го џебот за адаптер на ременот
за појас со куката и спојката на јамката како што е
прикажано на сликата.
► Сл.11: 1. Џеб за адаптер
НАПОМЕНА: Џебот за адаптер може да се
прикачи или на левата или на десната страна на
ременот за појас.
4.
Нагодете ја ширината на ременот за рамо со
помош на ремен со нагодување на ширината.
► Сл.12: 1. Ремен со нагодување на ширината
5.
Носете го уредот, блокирајте ја токата на
ременот за појас и потоа нагодете ја должината на
ременот за појас.
► Сл.13: 1. Тока
НАПОМЕНА: Може да го превиткате и
прицврстите ременот со куката и спојката на
јамката како што е прикажано на сликата.
► Сл.14: 1. Ремен
6.
Нагодете ја должината на ременот за рамо.
► Сл.15: 1. Ремен за рамо
НАПОМЕНА: Може да го превиткате и
прицврстите ременот со куката и спојката на
јамката како што е прикажано на сликата.
► Сл.16: 1. Ремен
РАБОТЕЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Кога го носите уредот,
ставете го ременот за рамо на двете рамена. Во
спротивно, уредот може да падне кога го носите
или користите и да предизвика повреда.
ВНИМАНИЕ:
Кога го носите уредот, носете
го на грб. Во спротивно, уредот може да падне за
време на работата и да предизвика повреда.
ВНИМАНИЕ:
Секогаш исклучувајте ги
алатот или машината пред да го вклучите
уредот или да го поврзете приклучокот на
адаптерот во штекерот на кутијата за батерии.
Во спротивно, алатот или машината може
ненадејно да се стартуваат и да предизвикаат
повреда.