Посебни безбедносни упатства
•
Проверете го работното парче од било
какви пречки по површината, како што се
шајки и сл., за да ја заштитите главата на
глодалката.
•
Почекајте глодалката да се сопре пред
отстранување на блокирање или нафатен
материјал околу алатот. Употребeте стапче,
никогаш прсти.
•
Држете ги рацете подалеку од глодачката
површина.
•
Веднаш исклучете го алатот ако се чује
необичен звук или почне претерано да
вибрира.
•
Пред работа проверете дали се стегнати
сите делови, дали се отстранети помошни
алати итн.
Секогаш проверувајте дали напонот
на напојувањето одговара на
наведениот напон на плочката.
Вашата машина е двојно излирана,
поради тоа не е потребно
заземјување.
•
Веднаш да ги фрлите старите кабли или
приклучници, кога ќе ги замените со нови.
Опасно е да ја вклучите приклучницата ако
кабелот е лабав.
•
Користете само одобрени продолжни кабли
погодни за влезната моќност на машината.
Најмал попречен пресек е 1,5 mm2.
.
Кога се користи кабел во ролна, секогаш
целосно да го одмотате.
Пред монтирање на прибор,
извлечете го кабелот од струја.
Почекајте да се сопре машината и
глодалото да се излади, пред да го
смените глодалото.
3. МОНТАЖА
Избор на глодало
Во зависност од обработката и намената,
глодалата се достапни во голем број различни
изведби и квалитети:
Глодала од брзорезен челик (HSS) се погодни
за работа во мекани материјали, како мекано
дрво и пластика.
Карбидните глодала (ТМ) се особено погодни
130
за тврди и абразивни материјали, како тврдо
дрво и алуминиум.
Монтажа и демонтажа на глодала
Сл. C
Користете глодала со пречник на стебло што
одговара на големината на стезната чаура.
Користете глодала само кои одговараат на
максималната брзина на машината. Пречникот
на глодалото не треба да е поголем од
максималниот пречник (види „Технички
податоци").
Не ја стегајте стезната чаура ако во нејзе нема
глодало; може да се оштети чаурата
•
Притиснете го забравникот за вретено (7) и
вртете ја стезната чаура (6) додека не се
забрави. Држете го вретеното забравено за
време на постапката.
•
Отворете ја стезната чаура со помош на
клуч (14).
•
Поставете го глодалото во чаурата.
•
Стегнете ја чаурата така да биде правилно
забравена.
•
Отворете ја чаурата кога сакате да го
смените глодалото
Дотерување на скалата за паралелниот
потпирач
Паралелниот потпирач е корисен за прецизно
глодање на фиксно растојание од работ на
работното парче.
•
Поставете соодветно глодалото во алатот.
•
Турнете ја паралелната водилка со
водилната летва во основната плоча и
стегнете ја, на потребна мера, со
лептирестите завртки.
Монтажа на шаблонска водилка
Сл. D
Шаблонската водилка е корисна за сечење на
мостри.
•
Монтирајте ја водилката (23) на основата
(3), со завртките (22).
Монтажа на адаптер за одведувач на
прашина
Сл. E
Користете адаптер за прашина за одведување
на прашина. Во случај да не е монтиран
адаптерот, следете ги следните упатства.
•
Монтирајте го адаптерот за прашина (24),
со завртките (22), на папучата на
глодалката (3).