Bosch GHA FC2 Professional Manual Original página 90

Ocultar thumbs Ver también para GHA FC2 Professional:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 15
OBJ_BUCH-2307-002.book Page 90 Tuesday, March 3, 2015 9:09 AM
90 | Македонски
 Држете го уредот за изолираните површини на
рачките, доколку вршите работи каде алатот што се
вметнува може да наиде на скриени електрични
кабли. Контактот со струјниот кабел може да ги стави
под напон металните делови на уредот и да доведе до
електричен удар.
Останати напомени за безбедност и
работење
 Носете заштитни ракавици. Додатокот за чеканот при
подолго работење може да стане жежок.
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како
и при негов транспорт и складирање, прекинувачот
за правец на вртење ставете го во средна позиција.
При невнимателно ракување со прекинувачот за
вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
 Користете соодветни уреди за пребарување, за да
ги пронајдете скриените електрични кабли или
консултирајте се со локалното претпријатие за
снабдување со електрична енергија. Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и
електричен удар. Оштетувањето на гасоводот може да
доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни
цевки предизвикува оштетување.
 При работата, држете го електричниот апарат
цврсто со двете дланки и застанете во сигурна
положба. Со електричниот апарат посигурно ќе
управувате ако го држите со двете дланки.
 Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го
зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш
парчето што се обработува се држи поцврсто отколку
со Вашата рака.
 Ставете SDS-max алат за вметнување: Проверете
дали е заклучен со влечење на алатот.
 Оштетениот капак за заштита од прав веднаш
заменете го. Капакот за заштита од прав го спречува
навлегувањето на правта која се создава при
дупчењето во прифатот на алатот. Затоа при употребата
на апаратот проверете дали капакот за заштита од прав
не е оштетен.
 Правта од материјали како на пр. оловни бои, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде
штетна по здравјето и да доведе до алергиски
реакции, заболувања на дишните патишта и/или
рак. Материјалите што содржат азбест може да бидат
обработувани само од страна на стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се
обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
1 609 92A 0YJ | (3.3.15)
 Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
 За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
 Доколку се блокира алатот што се вметнува,
исклучете го електричниот апарат. Одблокирајте го
алатот што се вметнува.
 Доколку вклучите блокиран алат за дупчење
настануваат многу моменти на блокирање.
 За полесна демонтажа на додатокот за чекан од
електричниот апарат, оставете го алатот за
вметнување да се сврти 2 до 3 пати налево (види
слика 9, страна 132).
 Почекајте додека електричниот апарат сосема не
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе
до губење контрола над уредот.
 Избегнувајте случајно вклучување. Осигурете се
дека прекинувачот за вклучување/исклучување е
во исклучена позиција, пред да ставите батерија.
Носењето на електричниот апарат со вашиот прст на
прекинувачот за вклучување/исклучување или
ставање на батеријата во вклучен електричен апарат
може да доведе до несреќен случај.
Ознаки
Следните ознаки се важни за читање и разбирање на
упатството за употреба. Запаметете ги ознаките и нивното
значење. Вистинската интерпретација на ознаките Ви
помага подобро и побезбедно да го користите
електричниот апарат.
Ознака
Значење
GSR 14,4 V-EC FC2/
GSR 18 V-EC FC2:
Батериска дупчалка-одвртувач
Сиво означено поле: рачка
(изолирана дршка)
GHA FC2:
Додаток за чекан
Сиво означено поле: рачка
(изолирана дршка)
Број на дел/артикл
Прочитајте ги сите напомени и
упатства за безбедност
Bosch Power Tools

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido