Работа
5.3
Ставање и вадење на
акумулаторската батерија (04)
ВНИМАНИЕ!
Опасност од оштетување на
акумулаторската батерија
Ако акумулаторската батерија по
употребата се остави во уредот, тоа
може да доведе до оштетување на
акумулаторската батерија.
■
Непосредно по употреба извадете
ја акумулаторската батерија од
уредот и складирајте ја заштитено
од мраз.
■
Ставете ја акумулаторската
батерија во уредот дури
непосредно пред започнувањето
со работа.
Ставање на акумулаторската батерија
1. Отклопете го капакот (04/1) на отворот за
акумулаторската батерија (04/а).
2. Вметнете ја акумулаторската батерија
(04/2) од горе во отворот за батеријата сè
додека не се вклешти (04/b).
3. Затворете го капакот на отворот за
акумулаторска батерија.
Вадење на акумулаторската батерија
1. Притиснете го копчето за отклучување на
акумулаторската батерија и држете го
притиснато.
2. Извадете ја акумулаторската батерија
(04/2).
5.4
Вклучување и исклучување на
напојувањето со струја (05)
Со прекинувачот со клуч на отворот за
акумулаторска батерија може да се вклучува
и исклучува напојувањето со струја на целиот
уред. Прекинувачот со клуч се ракува со
сигурносниот клуч.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасност од повреда
Ненамерното вклучување може да
доведе до тешки повреди.
■
Секогаш пред работни паузи и
одржувања: За исклучување на
напојувањето со струја завртете
го сигурносниот клуч во позиција
за исклучување (Off) а потоа
извлечете го.
441600_d
Вклучување на напојувањето со струја
1. Отклопете го капакот (04/1) на отворот за
акумулаторската батерија (04/а).
2. Вметнете (05/a) го сигурносниот клуч
(05/1) во прекинувачот со клуч (05/2).
3. Завртете го сигурносниот клуч во позиција
за вклучување (On) (поз. I). Со тоа се
напојува уредот со работен напон но
сепак сè уште не почнува да работи.
4. Заклопете го капакот на отворот за
акумулаторска батерија (04/1).
5. Вклучете го уредот: види Поглавје 6.3
"Стартување или запирање на моторот
(09 или 10)", страна 466.
Исклучување на напојувањето со струја
1. Завртете го сигурносниот клуч (05/1) во
позиција за исклучување (Off) (поз. 0) и
извлечете го (05/b).
2. Непосредно по употреба извадете ја
акумулаторската батерија од уредот,
наполнете ја и складирајте ја заштитено
од мраз. Ставете ја акумулаторската
батерија во уредот дури непосредно пред
следното користење.
6 РАБОТА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасности од нецелосно
монтирање!
Работењето на нецелосно монтиран
уред може да доведе до тешки
повреди.
■
Користете го уредот само ако е
целосно монтиран!
■
Ставете ја акумулаторската
батерија дури тогаш кога уредот е
целосно монтиран!
■
Пред вклучувањето проверете
дали се ставени сите заштитни и
безбедносни направи и дали се
функционални!
465