Монтирање; Делови За Монтирање; Команди За Контрола; Прекинувач За Гас - Alpina ABL 40 Li Manual De Instrucciones

Soplador portátil de jardín a batería
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 132
4. МОНТИРАЊЕ
ВАЖНО Безбедносните мерки што треба
да ги следите се дадени во погл. 2. Строго
придржувајте се до тие упатства за да
избегнете сериозни ризици или опасности.
За потребите на складирање и транспорт,
одредени компоненти на машината не се
монтирани во фабриката, туку треба да
се монтираат по нејзиното отпакување.
Следете ги упатствата подолу.
Распакувањето и целата монтажа треба
да се извршат на цврста и рамна површина
со доволно простор за поместување на
машината и на амбалажата користејќи
секогаш соодветни алати. Не ја користете
машината пред да ги прочитате упатствата
наведени во делот „МОНТИРАЊЕ".
4.1
ДЕЛОВИ ЗА МОНТИРАЊЕ
Пакувањето ги содржи деловите за монтажа.
4.1.1
Распакување
1. Отворете го пакувањето внимателно
за да не ги расфрлите деловите.
2. Прочитајте ја документацијата во кутијата
каде се наведени овие упатства.
3. Извадете ги од кутијата сите
делови што не се монтирани.
4. Извадете ја машината од кутијата.
5. Фрлете ги кутијата и амбалажата
согласно локалните одредби.
Пред да започнете со
монтирање, уверете се дека
батеријата не е на своето место.
4.1.2
Монтирање / демонтирање
на цевката на дувачот
1. Порамнете ја преградата на цевката
на дувачот (Сл. 3.A) со тоа што ќе го
подизвадите (Сл. 3.B) излезот за воздух.
2. Притиснете ја цевката (Сл. 3.A) и завртете
ја за 90° обратно од насоката на стрелките
на часовникот за цврсто да ја прикачите.
– За да ја извадите цевката, завртете
ја во насока на стрелките на
часовникот и лизгајте ја нанадвор.
ВАЖНО Запрете ја машината и извадете
го акумулаторот (пасус 7.2.2) при секое
вадење на цевката на дувачот.
5. КОМАНДИ ЗА КОНТРОЛА
5.1
ПРЕКИНУВАЧ ЗА ГАС
Командата за гас (Сл. 4.A) ја стартува/
запира машината и, истовремено ја активира/
деактивира ротацијата на работното коло.
За да ја стартувате машината, притиснете
на командата за гас и почекајте 2-3 секунди
за машината да почне да работи.
Стартувањето на машината
предизвикува истовремена
ротација на роторот.
Машината автоматски запира со
отпуштање на командата за гас.
5.2
КОМАНДА ЗА ПРИЛАГОДУВАЊЕ
НА БРЗИНА
Оваа команда (Сл. 4.B) се користи за
подесување на брзината на ротацијата
на работното коло, и со тоа се регулира
брзината на протокот на воздух.
Брзината може да е зголеми или намали
со завртување на командата, и мора да се
прилагоди на начинот на работа (погл. 6.4.1).
6. УПОТРЕБА НА МАШИНАТА
ВАЖНО Безбедносните мерки што треба
да ги следите се дадени во погл. 2. Строго
придржувајте се до тие упатства за да
избегнете сериозни ризици или опасности.
6.1
ПРЕЛИМИНАРНИ ОПЕРАЦИИ
Пред да започнете со работа, неопходно е да
спроведете серија контроли и операции за
да обезбедите дека работата ќе се одвива на
ефикасен начин и со максимална безбедност.
6.1.1
Контрола на батеријата
• Пред секоја употреба:
– проверете ја состојбата на наполнетост
на акумулаторот следејќи ги насоките
дадени во упатството за акумулаторот.
MK - 9

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido