Bosch GSR Mx2Drive Professional Manual Original página 198

Ocultar thumbs Ver también para GSR Mx2Drive Professional:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 30
OBJ_BUCH-1208-005.book Page 198 Monday, June 20, 2016 1:31 PM
198 | Македонски
 Носете соодветна облека. Не носете широка облека или накит. Тргнете ја
косата, облеката и ракавиците подалеку од подвижните делови. Лесната облека,
накитот или долгата коса може да се зафатат од подвижните делови.
 Доколку треба да се инсталираат уреди за вшмукување прав, осигурете се дека
тие правилно се приклучени и прикладно се користат. Користењето на
вшмукувач за прав не ја намалува опасноста од прав.
Користење и ракување со електричниот апарат
 Не го преоптоварувајте уредот. Користете го соодветниот електричен апарат за
Вашата работа. Со соодветниот електричен апарат ќе работите подобро и
посигурно во зададениот домен на работа.
 Не користете го електричниот апарат, доколку има дефектен прекинувач.
Апаратот кој повеќе не може да се вклучи или исклучи, ја загрозува безбедноста и
мора да се поправи.
 Извлечете го приклучокот од ѕидната дозна и/или извадете ја батеријата, пред
да ги смените поставките на уредот, да ги замените деловите или да го тргнете
настрана уредот. Овие мерки за предупредување го спречуваат невнимателниот
старт на електричниот уред.
 Чувајте ги подалеку од дофатот на деца електричните апарати кои не ги
користите. Овој уред не смее да го користат лица кои не се запознаени со него
или не ги имаат прочитано овие упатства. Електричните апарати се опасни,
доколку ги користат неискусни лица.
 Одржувајте ги грижливо електричните апарати. Проверете дали подвижните
делови функционираат беспрекорно и не се заглавени, дали се скршени или
оштетени, што може да ја попречи функцијата на електричниот апарат.
Поправете ги оштетените делови пред користењето на уредот. Многу несреќи
својата причина ја имаат во лошо одржуваните електрични апарати.
 Алатот за сечење одржувајте го остар и чист. Внимателно одржуваните алати за
сечење со остри рабови за сечење помалку се заглавуваат и со нив полесно се
работи.
 Користете ги електричните апарати, опремата, додатоците за алатите итн. во
согласност со ова упатство. Притоа земете ги во обѕир работните услови и
дејноста што треба да се изврши. Користењето на електрични апарати за друга
употреба освен наведената може да доведе до опасни ситуации.
Користење и ракување на батерискиот апарат
 Батериите полнете ги со полначи што се препорачани исклучиво од
производителот. Доколку полначот кој е прилагоден на еден соодветен вид
батерии, го користите со други батерии, постои опасност од пожар.
 Затоа користете батерии кои се предвидени за електричниот апарат.
Користењето друг вид батерии може да доведе до повреди и опасност од пожар.
 Неупотребената батерија држете ја подалеку од канцелариски спојувалки,
клучеви, железни пари, клинци, шрафови или други мали метални предмети,
што може да предизвикаат премостување на контактите. Краток спој меѓу
контактите на батеријата може да предизвика изгореници или пожар.
1 609 92A 3A7 | (20.6.16)
Bosch Power Tools

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido