130 | Македонски
Функција Copy:
– Притиснете го долго копчето Hold/Copy (11). Актуелната
измерена вредност (e) се копира и индикаторот H
постојано ќе се појавува на екранот.
– Притиснете го кратко копчето Hold/Copy (11).
Зачуваната мерна вредност (e) се прикажува на екранот и
индикаторот H трепка.
– Поставете го мерниот уред на целното место, каде што
треба да се пренесе измерената вредност. Притоа не е
важно израмнувањето на мерниот уред. Упатствата за
израмнување (a) ја покажуваат насоката, во која треба да
движи мерниот уред, за да се постигне копираната
косина. При постигнување на зачуваната косина, се
слуша сигнален тон, упатствата за израмнување (a) се
гасат.
– Одново притиснете го кратко копчето Hold/Copy (11), за
враќање на нормалното мерење. Индикаторот H
постојано ќе се појавува на екранот.
– Притиснете го долго копчето Hold/Copy (11), за да ја
зачувате нова вредност.
– За да се брише Hold-вредност, притиснете кратко на
копчето за вклучување/исклучување (9).
Проверка на точноста и калибрирање на мерниот
уред
Проверка на мерната точност (види слика B)
Проверете ја точноста на мерниот уред пред критични
мерења, по големи температурни промени како и по јаки
удари.
Пред мерењето на косини < 45° проверката треба да се
изврши на рамна, хоризонтална површина, а пред мерењето
на агли > 45° на рамна, вертикална површина.
Вклучете го мерниот уред и поставете го на хоризонтална
одн. на вертикална површина.
Изберете ја мерната единица ° (види „Замена на мерна
единица (види слика A)", Страница 129).
Почекајте 10 s и потоа забележете ја измерената вредност.
Свртете го мерниот уред за 180° околу вертикалната оска.
Одново почекајте 10 s и забележете ја втората измерена
вредност.
Калибрирајте го мерниот уред, само доколку
u
разликата меѓу двете мерни вредности е поголема од
0,1°.
Калибрирајте го мерниот уред во положба (вертикална одн.
хоризонтална), во којашто ќе биде утврдена разликата меѓу
измерените вредности.
Калибрација на хоризонтални површини за налегнување
(види слика C)
Површината на којашто го налегнувате мерниот уред, не
смее да отстапува повеќе од 5° од хоризонталата. Доколку
отстапувањето е поголемо, калибрирањето ќе се прекине со
приказот ---.
➀
Вклучете го мерниот уред и поставете го на
хоризонтална површина во таква положба, либелата
за хоризонтално израмнување (1) покажува нагоре и
екранот (5) да биде насочен кон Вас. Почекајте 10 s.
Потоа притиснете го копчето за калибрација за околу
➁
2 s Cal (10), додека кратко CAL1 ќе се појави на
екранот. Потоа измерената вредност трепка на
екранот.
➂
Свртете го мерниот уред за 180° околу вертикалната
оска, така што либелата и понатаму ќе покажува
нагоре, а екранот (5) сепак ќе биде свртен на
страната кон вас. Почекајте 10 s.
Потоа одново притиснете го копчето за калибрација
➃
Cal (10). На екранот кратко ќе се прикаже CAL2.
Потоа се појавува измерената вредност (не трепка
повеќе) на екранот. Мерниот уред сега е одново
калибриран за оваа површина на налегнување.
➄
Потоа мора да го калибрирате мерниот уред за
спротивната површина на налегнување. За тоа вртете
го мерниот уред по хоризонталната оска, либелата за
хоризонтално израмнување (1) да биде на долната
страна и екранот (5) покажува кон Вас. Поставете го
мерниот уред на хоризонтална површина. Почекајте
10 s.
Потоа притиснете го копчето за калибрација за околу
➅
2 s Cal (10), додека кратко CAL1 ќе се појави на
екранот. Потоа измерената вредност трепка на
екранот.
1 609 92A 58M | (28.11.2019)
Bosch Power Tools