За фиксирање на прекинувачот за вклучување/
исклучување (3) држете го притиснат и турнете ја
блокадата (1) кон десно или лево.
За исклучување на електричниот алат отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (3). Доколку
прекинувачот за вклучување/исклучување (3) е
блокиран, најпрво притиснете го и потоа отпуштете го.
Контролирање/претходно избирање на бројот на
работни одови
Бројот на работни одови на вклучениот електричен алат
може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа
колку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/
исклучување (3).
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување (3) се постигнуваат мал број на работни
одови. Со зголемување на притисокот се зголемува и
бројот на работни одови.
При блокиран прекинувач за вклучување/исклучување
(3) редуцирањето на бројот на работни одови не е
можно.
Со копчето за подесување на претходното избирање на
број на работни одови (2) можете истите претходно да ги
изберете и потоа да ги промените во текот на работата.
Потребниот број на работни одови зависи од материјалот
и работните услови и може да се одреди со практична
примена.
Се препорачува намалување на бројот на работни одови
при поставување на сечилото за пила на алатот, како и
при сечење на пластика и алуминиум.
При подолготрајно работење со мал број на работни
одови, електричниот алат може многу да се вжешти.
Извадете го сечилото за пила и оставете го електричниот
алат да работи околу 3 мин. со максимален број на
работни одови.
Совети при работењето
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Доколку се блокира сечилото за пила, исклучете го
u
електричниот алат.
Доколку обработувате мали или тенки делови
u
секогаш користете стабилна подлога или маса за
пила (опрема).
Пред сечењето во дрво, шперплочи, градежни
материјали итн. проверете дали на нив има туѓи тела како
на пр. клинци, шрафови и сл. и доколку има, отстранете
ги.
Сечење со вдлабнување (види слика E)
Смеат да се обработуваат само меки материјали
u
како дрво, гипс картон и сл. при сечење со
вдлабнување!
За сечење со вдлабнување користете само кратки сечила
за пила. Сечењата со вдлабнување се можни само со агол
на закосување од 0°.
Bosch Power Tools
Поставете го електричниот алат со предниот раб на
основната плоча (5) на делот што се обработува, без
сечилото за пила (8) да го допира делот што се
обработува и вклучете го. Кај електричните алати со
контрола на бројот на удари, поставете го максималниот
број на работни одови. Притиснете го електричниот алат
на делот што се обработува и оставете го сечилото за
пила полека да се вдлабне во делот што се обработува.
Штом основната плоча (5) целосно ќе налегне на
површината на делот што се обработува, продолжете да
сечење по должина на линијата.
Средство за ладење/подмачкување
При сечење на метал поради загревање на материјалот
треба да нанесете средство за ладење одн.
подмачкување по должина на линијата за сечење.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите
u
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел,
тогаш набавете го од Bosch или специјализирана
продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете
загрозување на безбедноста.
Редовно чистете го прифатот за сечилата за пила. За го
исчистите, извадете го сечилото за пила од електричниот
алат и тропнете лесно со електричниот алат на рамна
површина.
Големи нечистотии можат да доведат до пречки во
функционирањето. Затоа не сечете од долу или над глава
материјали што прават многу прашина.
При екстремни услови на примена, доколку е
u
возможно секогаш користете уред за всисување.
Издувувајте ги почесто отворите за проветрување
и приклучете заштитен прекинувач за
диференцијална струја (PRCD). При обработка на
метали, во внатрешноста на електричниот алат може
да се собере спроводлива прав. Може да се оштети
заштитната изолација на електричниот алат.
Подмачкајте го водечкиот валјак (7) одвреме-навреме со
неколку капки масло.
Редовно проверувајте го водечкиот валјак (7). Доколку е
истрошен, мора да се замени во овластената
специјализирана продавница Bosch.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Ознаки за експлозија и
информации за резервните делови исто така ќе најдете
на: www.bosch-pt.com
Македонски | 129
1 609 92A 5B3 | (16.07.2019)