Makita PLM5600N2 Manual De Instrucciones página 266

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 57
Косилката е опремена со рачка за централно
прилагодување на висината што има 8 положби.
1. Сопрете ја косилката и откачете го кабелот за
свеќичката пред да ја менувате висината за
косење на косилката.
2. Рачката за централно прилагодување на висината
има 8 положби за висината.
За да ја смените висината на косењето, притиснете ја
рачката за местење кон тркалото, движејќи ја нагоре
или надолу до избраната висина. Сите тркала ќе
бидат на иста висина на косење. (Сл. 28)
8. УПАТСТВА ЗА ОДРЖУВАЊЕ
СВЕЌИЧКА
Користете само оригинална свеќичка за замена. За
најдобри резултати, заменувајте ја свеќичката на
секои 100 часа употреба.
ГУРТНИ НА КОЧНИЦАТА
Редовно проверувајте ги и/или менувајте ги гуртните
на кочницата на моторот кај сервисен агент, а за
замена, смее да се употребуваат само оригинални
резервни делови.
9. УПАТСТВА ЗА
ПОДМАЧКУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ: ОТКАЧЕТЕ ГО КАБЕЛОТ ЗА
СВЕЌИЧКАТА ПРЕД СЕРВИСИРАЊЕ.
1. ТРКАЛА - Подмачкувајте ги лежиштата на секое
тркало со лесно масло барем еднаш во сезона.
2. МОТОР - Постапувајте според упатствата за
подмачкување од прирачникот за моторот.
10. ЧИСТЕЊЕ
ВНИМАНИЕ: Не чистете го моторот со црево.
Водата може да го оштети моторот или да го загади
горивниот систем.
1. Бришете ја главата со сува крпа.
2. Чистете со црево под главата навалувајќи ја
косилката така што свеќичката ќе биде горе.
10-1 ПРЕЧИСТУВАЧ НА ВОЗДУХОТ НА
МОТОРОТ
ВНИМАНИЕ: Не дозволувајте земја или
прашина да го затнат сунѓерестиот елемент на
филтерот за воздух. Елементот на пречистувачот за
воздух на моторот треба да се сервисира (чисти) по
25 часа нормално косење. Сунѓерестиот елемент
мора да се сервисира редовно ако косилката се
користи во суви правливи услови.
266
ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ФИЛТЕРОТ ЗА ВОЗДУХ
1. Подигнете го јазичето на капакот на филтерот.
(Сл. 29)
2. Извадете го капакот на филтерот.
3. Измијте го елементот на филтерот во сапуница. НЕ
КОРИСТЕТЕ БЕНЗИН!
4. Исушете го елементот на филтерот на воздух.
5. Ставете неколку капки масло SAE30 на
сунѓерестиот филтер и притиснете благо за да се
отстрани вишокот масло.
6. Вратете го филтерот на место.
7. Затворете го капакот на филтерот.
НАПОМЕНА: Заменете го филтерот ако е
распарчен, искинат, оштетен или не може да се
исчисти.
10-2 СЕЧИЛО
ВНИМАНИЕ: Внимавајте да го откачите и
взејмите кабелот на свеќичката пред да работите на
сечилото за да не дојде до случајно палење на
моторот. Заштитете ги рацете со тешки ракавици или
крпа за да ги фатите сечилата. Навалете ја косилката
како што е одредено во посебниот прирачник за
моторот. Извадете ги имбус завртката и шајбната што
ги држат сечилото и адаптерот за погонската оска на
моторот. Извадете ги сечилото и адаптерот од оската.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Повремено
проверувајте го адаптерот за сечилото да не е
напукнат, особено ако удрите во некој предмет.
Заменете ако е потребно.
За најдобри резултати, сечилото треба да е остро.
Сечилото може да се наостри откако ќе се извади и ќе
се избруси или истурпија работ за сечење колку што е
можно поблиску до оригиналната состојба. Многу е
важно секој раб за сечење да се избруси подеднакво
за да не дојде до неврамнотежено сечило.
Неправилна рамнотежа на сечилото ќе доведе до
прекумерни вибрации, што може да ги оштети моторот
и косилката. Внимателно врамнотежете го сечилото по
острењето. Сечилото може да се испроба дали е
врамнотежено со ставање на врвот на завртка.
Отстранувајте метал од потешката страна додека не
се врамнотежи рамномерно. (Сл. 30)
Пред повторно да ги склопите сечилото и адаптерот за
сечило на уредот, подмачкајте ја погонската оска на
моторот и внатрешната површина на адаптерот за
сечилото со лесно масло. Инсталирајте го адаптерот
на сечилото на оската. Видете на Сл. 30. Ставете го
сечилото со бројот на делот свртен од адаптерот.
Порамнете ја шајбната преку сечилото и вметнете ја
имбус-завртката. Затегнете ја имбус-завртката до
моментот наведен подолу.

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido