OBJ_BUCH-3155-002.book Page 259 Wednesday, February 28, 2018 10:04 AM
Користете го полначот само откако ќе
ги проучите сите функции и може да
ги примените истите без
ограничувања или откако ќе ги
добиете потребните упатства.
Не дозволувајте им на деца,
личности со ограничени физички,
сензорни или психички
ограничувања и/или недостаток на
знаење или на личности
незапознаени со ова упатство да го
употребуваат уредот. Локалните
прописи можат да ја ограничат
возраста на ракувачот.
Надгледувајте ги децата. Поради
сигурност, не дозволувајте им на
деца да си играат со уредот.
Полнете само Bosch литиум-
јонски акумулатори со капацитет
од 1,5 Аh (од 3 акумулаторски
ќелии). Напонот на батеријата
мора да одговара на напонот за
полнење на полначот. Не полнете
повторно полнливи батерии.
Инаку постои опасност од пожар и
експлозија.
Полначот држете го подалеку од дожд и
влага. Навлегувањето на вода во полначот го
зголемува ризикот од електричен удар.
Полнете само литиум-јонски батерии од Bosch.
Напонот на батеријата мора да одговара на напонот
за полнење на батеријата. Инаку постои опасност од
пожар и експлозија.
Одржувајте ја чистотата на полначот. Доколку се
извалка, постои опасност од електричен удар.
Пред секое користење, проверете го полначот,
кабелот и приклучокот. Не го користете полначот,
доколку приметите оштетувања. Не го отворајте
сами полначот и оставете го на поправка кај
квалификуван стручен персонал кој ќе користи
само оригинални резервни делови. Оштетениот
полнач, кабел и приклучок го зголемува ризикот за
електричен удар.
Не го користете полначот на лесно запалива подлога
(на пр. хартија, текстил итн.) односно во запалива
околина. Постои опасност од пожар заради
Bosch Power Tools
затоплувањето на уредот што произлегува при
полнењето.
Не ги покривајте отворите за проветрување на
полначот. Инаку полначот може да се прегрее и да не
функционира правилно.
За безбедност од струен удар се препорачува да се
користи заштитна склопка со максимална излезна
струја од 30 mA. Пред употреба, испробајте ја Вашата
Фи-склопка.
Одржување
Извадете ја батеријата пред чистење, поправање
или складирање на машината. Секогаш носете
градински заштитни ракавици кога работите во близина
на ланецот за сечење.
Редово прегледувајте ја косачката и замеувајте ги
веднаш оштетените или изабените делови.
Проверувајте редовно дали се затегнати сите навртки,
завртки и шрафови, за безбедна употреба на
косачката.
Секогаш користете Bosch оригинални резервни
делови.
Чувајте ја телескопската пила на суво и безбедно место
вон дофат на деца.
Ознаки
Следните ознаки се важни за читање и разбирање на
упатството за употреба. Запаметете ги ознаките и нивното
значење. Вистинската интерпретација на ознаките Ви
помага подобро и побезбедно да го користите
електричниот апарат.
Ознака
Значење
Правец на реакција
Правец на движење
Вклучување
Исклучување
Опрема
Употреба со соодветна намена
Овој уред е наменет за домаќинства, за сечење дрва и
гранки на поголема височина, додека ракувачот стои на
земи. Уредот не е за сечење неоргански материјал или за
употреба на скали. Уредот не е наменет за комерцијална
или индустриска употреба.
Македонски | 259
F 016 L81 582 | (28.2.18)