Bosch GST 8000 E Professional Manual Original página 123

Ocultar thumbs Ver también para GST 8000 E Professional:
Tabla de contenido

Publicidad

OBJ_BUCH-2402-003.book Page 123 Friday, June 3, 2016 9:19 AM
2014/30/EU, 2006/42/EC вклучително нивните измени и
е сообразен со следните норми:
EN 60745-1, EN 60745-2-11, EN 50581.
Техничка документација (2006/42/EC) при:
Robert Bosch Power Tools GmbH, PT/ETM9,
70538 Stuttgart, GERMANY
Henk Becker
Helmut Heinzelmann
Executive Vice President
Head of Product Certification
Engineering
PT/ETM9
Robert Bosch Power Tools GmbH
70538 Stuttgart, GERMANY
Stuttgart, 01.01.2017
Монтажа
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Вметнување/замена на листот за пилата
 При монтажа на листот од пилата носете заштитни
ракавици. При допирање на листот за пилата постои
опасност од повреда.
Избор на лист за пилата
Прегледот со препорачаните листови за пила ќе најдете на
крајот на ова упатство. Поставувајте само листовите за
пила со сечило со еден заоблен дел (T-сечило). Листот за
пилата не треба да биде подолг отколку што е потребно за
предвидениот рез.
За сечење на тесни криви линии користете тесен лист
пила.
Вметнување на листот за пилата (види слика A1)
Вметнете го листот за пила 8, со запците во правец на
сечењето, до крај во прифатот за листот за пила 11. SDS-
лостот 12 автоматски ќе скокне нагоре, и листот за пила ќе
се заклучи. Не го притискајте лостот 12 со дланката
наназад, бидејќи на тој начин може да го оштетите
електричниот апарат.
При вметнувањето на листот за пила внимавајте на тоа,
задниот дел на листот за пила да лежи во жлебот на
водечкиот валјак 7 .
 Проверете дали е стабилен листот за пила. Лабаво
поставениот лист за пила може да испадне и да ве
повреди.
Исфрлање на листот за пила (види слика A2)
 При исфрлањето на листот за пила, држете го
електричниот апарат на тој начин што нема да биде
во близина на лица или животни кои би можеле да се
повредат од исфрлениот лист пила.
Свртете го SDS-лостот 12 во правец на заштитата од допир
9 кон напред. Листот за пилата ќе се отпушти и ќе се
исфрли.
Bosch Power Tools
Заштита од кинење (види слика B)
Заштитата од кинење 13 (опрема) може да спречи кинење
на горната површина при сечење на дрво. Заштитата од
кинење може да се искористи само за одредени типови на
листови за пила и само при агол на сечење од 0°.
Основната плоча 5 при сечењето со заштита од кинење не
смее да се помести наназад во близина на краевите.
Притиснете ја заштитата од кинење 13 од долу кон
основната плоча 5.
Вшмукување на прав/струготини
 Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата
прав може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или
бука важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што
содржат азбест може да бидат обработувани само од
страна на стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
 Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Употреба
Видови употреба
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Поставување на осцилациите
Осцилациите може да се постават во четири степени и
овозможуваат оптимално прилагодување на брзината,
капацитетот и сликата на сечење на материјалот што се
обработува.
Со лостот за подесување 6 може да ги подесите
осцилациите и за време на работењето.
Степен 0
без осцилации
Степен I
мали осцилации
Степен II
средни осцилации
Степен III
големи осцилации
Оптималниот степен на осцилации за односната употреба
може да се одреди со практичен обид. Притоа се
применуваат следниве препораки:
– Колку помал степен на осцилации изберете одн.
доколку сосема ги исклучите осцилациите, толку
пофини и почисти ќе бидат исечените рабови.
Македонски | 123
1 609 92A 2GY | (3.6.16)

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido