OBJ_BUCH-2953-001.book Page 329 Wednesday, December 21, 2016 3:02 PM
Поставување: (види слика W2)
– Олабавете ги сите завртки за подесување 68 со инбус
клучот (4 mm) 37 и свртете ја масата за пила 18 заедно
со скалата 26, додека кракот на аголното мерило не се
постави рамно со листот за пилата по целата должина.
– Повторно зашрафете ги шрафовите.
Доколку показателот на агли 24 по подесувањето не е во
линија со 0°-ознаката на скалата 26, олабавете ја
завртката 69 со крстест одвртувач и израмнете го
показателот на агли по должина на 0°-ознаката.
Транспорт (види слика X)
Пред транспортот на електричниот апарат мора да ги
извршите следните чекори:
– Олабавете ја завртката за фиксирање 6, доколку истата
е затегната. Извлечете го кракот на алатот целосно
нанапред и повторно затегнете ја завртката за
фиксирање.
– Проверете дали граничникот за длабочина 40 е
навален сосема наназад и дали завртката за
подесување 39 поминува низ отворот при движењето
на кракот на алатот без да го допира граничникот за
длабочина.
– Подесете го електричниот апарат во транспортна
позиција.
– Отстранете ги деловите на опремата, кои не може
цврсто да се монтираат на електричниот апарат.
Неискористените листови за пила, доколку сакате да ги
транспортирате ставете ги во затворена кутија.
– Врзете го струјниот кабел со самолепливата лента 70.
– Електричниот апарат носете го со транспортната рачка
10 или фатете го за жлебовите за држење 28 странично
на масата за пила.
За транспортирање на електричниот апарат,
користете ги секогаш уредите за транспорт, а не
заштитните уреди.
Електричниот апарат секогаш треба да го носат две
лица, за да се избегнат болките во грбот.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш
набавете го од Bosch или специјализирана продавница за
Bosch-електрични апарати, за да го избегнете
загрозувањето на безбедноста.
Чистење
Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и
отворите за проветрување, за да може добро и безбедно
да работите.
Заштитната хауба со повратен механизам мора секогаш да
се движи слободно и самостојно да се затвора. Пределот
околу заштитната хауба со повратен механизам секогаш
треба да биде чист.
Bosch Power Tools
Отстранете ја правта и струготините со издувување со
компресиран воздух или со четка по секоја работна
постапка.
Редовно чистете го лизгачкиот валјак 16.
Мерки за намалување на бучавата
Мерки на производителот:
– Фин старт
– Испорака со лист за пилата специјално развиен за
намалување на бучавата
Мерки на корисникот:
– Монтажа без многу вибрации на стабилна работна
површина
– Примена на листови за пила со функција на
намалување на бучавата
– Редовно чистење на листот за пилата и електричниот
апарат
Опрема
Брза стега
Плочи за вметнување
Вреќичка за прав
Граничник за должина
Завртка за блокада, граничник за
должина
Листови за пилата за дрво и плочести материјали,
панели и лајсни
Лист за пилата 254 x 30 мм, 60 запци
Листови за пила за пластика и неметали
Лист за пилата 254 x 30 мм, 80 запци
Листови за пила за сите видови ламинатни подови
Лист за пилата 254 x 30 мм, 84 запци
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Експлозивен цртеж и
информации за резервни делови ќе најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Македонски | 329
Број на дел/
артикл
1 609 B02 585
1 609 B05 128
1 609 B05 010
1 609 B02 365
1 609 B00 263
2 608 642 530
2 608 642 528
2 608 642 135
1 609 92A 39K | (21.12.16)