OBJ_BUCH-2543-002.book Page 104 Monday, October 24, 2016 10:37 AM
104 | Македонски
оштетени, што може да ја попречи функцијата на
електричниот апарат. Поправете ги оштетените
делови пред користењето на уредот. Многу несреќи
својата причина ја имаат во лошо одржуваните
електрични апарати.
Алатот за сечење одржувајте го остар и чист.
Внимателно одржуваните алати за сечење со остри
рабови за сечење помалку се заглавуваат и со нив
полесно се работи.
Користете ги електричните апарати, опремата,
додатоците за алатите итн. во согласност со ова
упатство. Притоа земете ги во обѕир работните
услови и дејноста што треба да се изврши.
Користењето на електрични апарати за друга употреба
освен наведената може да доведе до опасни ситуации.
Користење и ракување на батерискиот апарат
Батериите полнете ги со полначи што се
препорачани исклучиво од производителот.
Доколку полначот кој е прилагоден на еден соодветен
вид батерии, го користите со други батерии, постои
опасност од пожар.
Затоа користете батерии кои се предвидени за
електричниот апарат. Користењето друг вид батерии
може да доведе до повреди и опасност од пожар.
Неупотребената батерија држете ја подалеку од
канцелариски спојувалки, клучеви, железни пари,
клинци, шрафови или други мали метални
предмети, што може да предизвикаат
премостување на контактите. Краток спој меѓу
контактите на батеријата може да предизвика
изгореници или пожар.
При погрешно користење, може да истече течноста
од батеријата. Избегнувајте контакт со неа. Доколку
случајно дојдете во контакт со течноста, исплакнете
ја со вода. Доколку течноста дојде во контакт со
очите, побарајте лекарска помош. Истечената
течност од батеријата може да предизвика кожни
иритации или изгореници.
Сервис
Поправката на Вашиот електричен апарат смее да
биде извршена само од страна на квалификуван
стручен персонал и само со користење на
оригинални резервни делови. Само на тој начин ќе
бидете сигурни во безбедноста на електричниот
апарат.
Безбедносни напомени за батериска дувалка
Внимавајте лицата кои се во близина да не бидат
повредени од исфрлените парчиња.
За време на работата држете ги прстите подалеку од
отворите на електричниот апарат. Користете ја
дувалката само со приклучена млазница.
Ротирачката дувалка може да Ве повреди.
Не дувајте материјали штетни по здравјето, на пр.
прав од буково или дабово дрво, камен или азбест.
Овие супстанци важат за канцерогени.
1 609 92A 3HE | (24.10.16)
Не дувајте течности. Навлегувањето на течности во
електричниот уред го зголемува ризикот од електричен
удар.
Електричниот апарат држете го подалеку од дожд и
влага. Навлегувањето на вода во моторот го зголемува
ризикот од електричен удар.
Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
Носете дополнителна заштитна опрема како
заштитни очила и заштитна маска за дишење. Со
носењето на заштитна опрема за соодветните работни
услови се намалува изложеноста на опасни супстанци.
Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток
спој.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од
трајно изложување на сончеви зраци, оган,
вода или влага. Постои опасност од експлозија.
Доколку се оштети батеријата или не се користи
правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете
свеж воздух и доколку има повредени однесете ги
на лекар. Пареата може да ги надразни дишните
патишта.
Користете батерии кои се соодветни на Вашиот
производ од Bosch. Само на тој начин батеријата ќе се
заштити од опасно преоптоварување.
Батеријата може да се оштети од острите предмети
како на пр. клинци или шрафцигер или надворешно
влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и
батеријата може да се запали, пушти чад, експлодира
или да се прегрее.
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите напомени и упатства
за безбедност. Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ
на електричниот апарат, и држете ја отворена додека го
читате упатството за употреба.
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат е наменет за дување на материјали,
кои не се штетни по здравјето (на пр. струготини, метални
струготини, прав од камен итн.), коишто настануваат при
пилење, дупчење или брусење. Освен тоа може соодветна
опрема да се издуваат отворите за дупчење.
Електричниот апарат не е наменет за дување на топли,
запаливи или експлозивни материјали.
Bosch Power Tools