OBJ_BUCH-1702-004.book Page 168 Friday, December 9, 2016 5:09 PM
168 | Македонски
вшмукувачот. Електричните уреди означени со
230 V исто така може да се користат на 220 V.
Ве молиме информирајте се за важечките
одредби/закони во вашата земја во врска со
постапувањето со честички прав што се штетни по
здравјето.
Вшмукувачот може да се користи за вшмукување и
издувување на следните материјали:
– Прав со гранична вредност на изложеност > 1 mg/m
Во основа, вшмукувачот не смее да се користи во
простории каде постои опасност од експлозија.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го вшмукувачот
само доколку го користите.
За да се овозможи оптимален капацитет на вшмукување,
мора целосно да го одвиткате цревото за вшмукување 21
од горниот дел на вшмукувачот 8.
Вшмукување на суви материјали
Вшмукување на наталожена прав
– За да го вклучите, вшмукувачот,
прекинувачот за избор на начин на работа 5
поставете го на ознаката „Вшмукување".
– За да го исклучите, вшмукувачот,
прекинувачот за избор на начин на работа 5
поставете го на ознаката „Исклучување".
Вшмукување на правта што се создава додека работат
електричните апарати (види слика H)
Мора да постои доволен степен на проток на воздух
(L) во просторот, бидејќи издувниот воздух се враќа
во просторијата. Внимавајте на односните прописи
во земјата.
Во вшмукувачот има вградено шуко приклучница 3. Таму
може да приклучите надворешен електричен апарат.
Внимавајте на максимално дозволената приклучна моќ на
електричниот апарат што се приклучува.
– Монтирајте го муфот 19 (види „Монтирање на муфот",
страна 167).
– Прикачете го муфот 19 на млазниците за вшмукување
на електричниот апарат.
Напомена: При работење со електрични апарати, каде е
премал доводот на воздух во цревото за вшмукување (на
пр. убодни пили, брусилки итн.), мора да се отвори
отворот за непотребниот воздух 32 на муфот 19. Само на
тој начин полуавтоматското чистење на филтерот (SFC+)
може да работи без проблем.
Притоа, свртете го прстенот над отворот за непотребен
воздух 32, додека не се појави максимален отвор.
– За вклучување на Старт/Стоп
автоматиката на вшмукувачот,
поставете го прекинувачот за избор на
начин на работа 5 на ознаката
„Старт/Стоп автоматика".
– За Приклучување на вшмукувачот приклучете го на
конекторот 3 од приклучениот електричен апарат.
Вшмукувачот автоматски почува со работа.
1 609 92A 2N5 | (9.12.16)
– Исклучете го електричниот апарат, за вшмукувањето
да заврши.
Функцијата за продолжен тек на Старт/Стоп
автоматиката продолжува да работи уште 15 секунди,
за да ја вшмука останатата прав од цревото за
вшмукување.
– За да го исклучите, вшмукувачот,
прекинувачот за избор на начин на работа 5
поставете го на ознаката „Исклучување".
3
Вшмукување на влажни материјали
Со вшмукувачот не вшмукувајте запаливи или
експлозивни течности, на пр. бензин, масло,
алкохол, средства за растворање. Не вшмукувајте
жешка или запалива прав. Не го користете
вшмукувачот во простории каде постои опасност од
експлозија. Правта, пареата или течностите може да се
запалат или да експлодираат.
Вшмукувачот не смее да се користи како водена
пумпа. Вшмукувачот е наменет за вшмукување на
воздушни и водени мешавини.
Пред било каква интервенција на вшмукувачот,
извлечете го струјниот приклучок од конекторот.
Напомена: Барањето за степен на пропустливост (класа
на прав L) е утврдено само за вшмукување на суви
материјали.
– Пред вшмукување на влажни материјали извадете ја
вреќичката за отпад 23 или прав и испразнете го
контејнерот 1.
Напомена: За полесно отстранување, при вшмукувањето
на мешавина од вода и цврсти материјали, користете
водена филтер вреќичка (опрема), која ќе ја одвои водата
од цврстите материјали.
– Поставете ја гумената лента на подната млазница (види
„Местење на гумената лента", страна 167).
– Исклучете го автоматското чистење на филтерот
(SFC+) (види „SFC+ деактивирање", страна 169).
Вшмукувачот е опремен со сензори за ниво на
наполнетост 35. Доколку се достигне максималното ниво
на наполнетост, вшмукувачот се исклучува. Прекинувачот
за избор на начинот на работа 5 поставете го на ознаката
„Исклучување".
Напомена: При вшмукување на неспроводливи
материјали (на пр. емулзија настаната при дупчење, масла
и маснотии) вшмукувачот нема да се исклучи и при полн
контејнер. Состојбата на наполнетост мора постојано да се
проверува и контејнерот навреме да се празни.
За да се избегне создавањето на мувла по вшмукувањето
на влажни материјали:
– Извадете го набраниот филтер 24 и оставете го добро
да се исуши.
– Извадете го горниот дел на вшмукувачот 8, отворете го
поклопецот на филтерот 34 и оставете ги добро да се
осушат.
Bosch Power Tools