236 | Македонски
Доколку не сте го користеле мерниот уред подолг период, извадете ја
u
батеријата. При подолго складирање, батериите во мерниот уред може да
кородираат и да се испразнат.
Прицврстување мерен уред
Избирање/менување на подлошка
Мерниот уред е прицврстен на ѕидови или на други вертикални површини. Зависно
од видот на подлогата, се користи или гелна подлошка (14) вклучително држач за
гелна подлошка (13) или подлошката со клинови (7) со 2 клина (8).
Општо важи: прицврстувањето со гелна подлошка (14) е наменето за мазни
површини. Прицвстувањето со подлошката со клинови (7) е наменето за груби одн.
рапави површини и тапет на суви ѕидови. Подлошката со клинови не може да се
прицврсти на бетон (независно од површината).
Гелна подлошка
(Керамички) плочки
Мазна дрвена површина
Природен камен, мермер, бетон
Мазни лакирани површини (зависно од
староста и состојбата на подлогата)
За менување на подлошките свртете го држачот за гелната подлошка (13) во насока
спротивна на стрелките на часовникот и извадете ги гелната подлошка (14) и
држачот од мерниот уред. Поставете ја подлошката со клинови (7) и свртете ја во
насока на стрелките на часовникот до крај. Продолжете соодветно за да промените
од подлошка со клинови во гелна подлошка.
Прицврстување со гелна подлошка
Предуслови:
Подлогата мора да биде сува и цврста.
Лепливоста на гелната подлошка не е загарантирана на влажни површини,
површини полни со прав, со остри рабови или на силно структурирани површини.
Доколку мерниот уред е прицврстен на такви несоодветни површини, тој може да
испадне и да биде оштетен одн. да ја оштети подлогата.
Доколку гелната подлошка е извалкана или не лепи на мазни површини, мора да се
исчисти одн. да се замени (види „Чистење на гелна подлошка", Страница 241).
1 609 92A 5YH | (09.07.2020)
Подлога за прицврстување со
Тапет (рапава површина, хартија и
неткаен материјал)
Малтерисани површини (грубост 2 mm)
Подлошка со клинови
Bosch Power Tools