MK - УПАТСТВО ЗА МОНТАЖА И РАКУВАЊЕ
Придржувајте се строго до упатствата дадени во овој прирачник. Ние одбиваме билокаква
одговорност за билокаков проблем, штета или пожар предизвикан на апаратот како резултат на
неследење на упатствата вклучени во овој прирачник. Аспираторот е наменет исклучиво за домашна
употреба.
ИНФОРМАЦИИ БЕЗБЕДНОСТ
Пред билокаква операција за чистење или одржување, исклучете го
аспираторот од електричната мрежа со вадење на струјниот приклучник
или со исклучување на домашниот мрежен прекинувач.
За сите операции за монтажа и одржување да се користат работни
ракавици.
Овој апарат може да се користи од страна на деца од 8 години па нагоре и
лица со намалени физички, сензорни или ментални способности, или ако
немаат искуство или знаење, доколку се под надзор или имаат добиено
инструкции за употреба на апаратот на безбеден начин и ги разбираат
опасностите поврзани со него.
Треба да се внимава децата да не си играат со апаратот.
Чистењето и одржувањето не треба да го прават деца без надзор.
Просторијата мора да биде доволно проветрена кога кујнскиот аспиратор
се користи заедно со апарати кои согоруваат гас или други горива.
Аспираторот мора редовно да се чисти како од внатрешноста така и од
надворешноста (НАЈМАЛКУ ЕДНАШ МЕСЕЧНО), во секој случај потребно е
да се постапува во согласност со упатствата за одржување дадени во овој
прирачник.
Ако не се следат упатствата во однос на аспираторот и чистењето на
филтрите ќе доведе до ризик од пожари.
Строго се забранува фламбирање на храната под самиот аспиратор.
Употребата на отворени пламени е штетна за филтрите и може да
предизвика ризик од пожар и поради тоа мора да се избегнува во сите
околности.
Секое пржење мора грижливо да се направи со цел да се спречи да не
дојде до презагревање на маслото и пламнување.
Внимание! Кога плочата за готвење е во функција пристапните делови
од аспираторот можат да се загреат.
progress 131