OBJ_BUCH-2053-002.book Page 96 Tuesday, July 22, 2014 10:13 AM
96 | Македонски
Не ја користете облеката за одржување на
топлината кај мали деца, беспомошни, несвесни или
лица што спијат или пак лица со пречки во
крвотокот. Носителот мора да ја осети температурата
на облеката и и да го препознае своето сопствено
чувство на удобност, за да го избегне претоплувањето.
Облеката не е наменета за користење во болнички
установи.
Заштитете ја облеката од топлина, на пр. од
долготрајно изложување на сончеви зраци, оган,
вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија.
Не забодувајте игли или други остри предмети во
облеката. Оштетениот греен елемент или кабел на
приклучокот предизвикува погрешно функционирање
на облеката и ја зголемува опасноста од електричен
удар или пожар.
Не го употребувајте кабелот на приклучокот за
друга намена освен предвидената како на пр. за
носење или влечење на облеката или за вадење на
батеријата. Држете го кабелот подалеку од масло,
остри предмети или подвижни компоненти. Не го
виткајте кабелот. Оштетениот греен елемент или
кабел на приклучокот предизвикува погрешна
функција на облеката и ја зголемува опасноста од
електричен удар или пожар.
Облеката не е отпорна на вода. Доколку навлезе вода,
се зголемува опасноста од електричен удар. Доколку
сепак се намокри облеката, веднаш исклучете ја
батеријата и извадете ја од батерискиот адаптер.
Не ја превиткувајте загреаната облека и не ставајте
предмети на неа. Оштетениот греен елемент или кабел
на приклучокот предизвикува погрешно
функционирање на облеката и ја зголемува опасноста
од електричен удар или пожар.
Внимавајте на упатствата за нега и чистење на
облеката. При недоволна грижа постои опасност од
електричен удар или пожар.
Оставете ја облеката целосно да се излади, пред да
ја складирате.
Редовно проверувајте дали облеката има знаци на
истрошеност или е оштетена. Доколку постојат такви
знаци или облеката неправилно се користи, не
продолжувајте со нејзино користење и вратете ја кај
дистрибутерот.
Поправката на Вашата облека смее да биде
извршена само од страна на квалификуван стручен
персонал и само со користење на оригинални
резервни делови. Само на тој начин ќе бидете сигурни
во безбедноста на облеката.
Безбедносни напомени за постапување со
батериите
Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток
спој.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од
трајно изложување на сончеви зраци, оган,
вода или влага. Постои опасност од експлозија.
1 609 92A 0WD | (22.7.14)
ВНИМАНИЕ! Користете ги исклучиво батериите
препорачани во „Отстранување на пречки". При
користење на други батерии постои опасност од
експлозија.
Внимавајте на напомените за отстранување на
батериите.
Кога не ја користите батеријата, чувајте ја
понастрана од парички, спојувалки, клучеви, шајки,
завртки и други метални предмети што можат да
направат спој од едниот до другиот пол. Краток спој
меѓу двата пола може да предизвика пожар или
изгореници.
При погрешно користење, може да истече течноста
од батеријата. Избегнувајте контакт со неа. Доколку
случајно дојдете во контакт со течноста, исплакнете
ја со вода. Доколку течноста дојде во контакт со
очите, побарајте лекарска помош. Истечената
течност од батеријата може да предизвика кожни
иритации или изгореници.
Доколку се оштети батеријата или не се користи
правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете
свеж воздух и доколку има повредени однесете ги
на лекар. Пареата може да ги надразни дишните
патишта.
Батериите полнете ги само со полначи кои се
препорачани од производителите. Доколку полначот
кој е прилагоден на еден соодветен вид батерии, го
користите со други батерии, постои опасност од пожар.
Користете батерии кои се соодветни на Вашиот
производ од Bosch. Само на тој начин батеријата ќе се
заштити од опасно преоптоварување.
Батеријата може да се оштети од острите предмети
како на пр. клинци или шрафцигер или надворешно
влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и
батеријата може да се запали, пушти чад, експлодира
или да се прегрее.
Не ја ставајте батеријата во адаптерот, доколку
копчињата за отклучување се скршени или
дефектни. Батеријата би можела да испадне за време
на употребата.
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите
напомени и упатства за
безбедност. Грешките
настанати како резултат од
непридржување до
безбедносните напомени и упатства може да
предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки
повреди.
Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ
на производот, и држете ја отворена додека го читате
упатството за употреба.
Bosch Power Tools