Bosch GAS 10,8 V-LI Professional Manual Original página 88

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 16
88 | Македонски
Монтажа
Полнење на батеријата
 Користете ги само полначите наведени на
страниците со опрема. Само овие полначи се
соодветни за литиум-јонската батерија која се користи
за вашиот вшмукувач.
Напомена: Батеријата се испорачува полу-наполнета. За
да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба
ставете ја на полнач додека не се наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот рок на употреба.
Прекинот при полнењето не и наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена со „Електронска
заштита на ќелиите (ECP)" од длабинско празнење.
Доколку се испразни батеријата, електричниот апарат ќе
се исклучи со помош на заштитно струјно коло:
Електричниот апарат не се движи повеќе.
 По автоматското исклучување на вшмукувачот, не
притискајте на прекинувачот за
вклучување/исклучување. Батеријата може да се
оштети.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Приказ за наполнетоста на батеријата
Трите зелени LED светла на приказот за наполнетост на
батеријата 3 ја покажуваат наполнетоста на батеријата 5.
Приказот за наполнетост свети само 3 секунди по
ставањето во употреба.
LED
Трајно светло 3 x зелено
Трајно светло 2 x зелено
Трајно светло 1 x зелено
Трепкаво светло 1 x зелено
Доколку по вклучувањето не свети LED сијаличката,
батеријата е дефектна и мора да се замени.
Ставање и вадење на батеријата (види слики A1–A2)
 При ставањето на батеријата не употребувајте сила.
Батеријата е конструирана така што може да се стави
само во правилна позиција во вшмукувачот.
– Вметнете ја батеријата 5 до крај во преградата за
батерии 11.
– За вадење на батеријата 5 притиснете ги копчињата за
отклучување 12 на батеријата и извлечете ја од
преградата за батерии 11.
Монтирање на млазницата за фуги
(види слика B)
 Извадете ја батеријата, пред одржувањето или
чистењето на вшмукувачот, пред регулирање на
поставките на уредот, замена на деловите или
тргање настрана. Овие мерки за предупредување го
спречуваат невнимателниот старт на вшмукувачот.
Млазницата за фуги 9 може да се вметне заедно со
комората за прав 8.
1 609 92A 134 | (18.11.14)
Капацитет
≥2/3
≥1/3
<1/3
Резерва
– Прицврстете ја млазницата за фуги 9 според сликата со
ознаката надолу во отворот за вшмукување 10 на
комората за прав 8.
Употреба
 Извадете ја батеријата, пред одржувањето или
чистењето на вшмукувачот, пред регулирање на
поставките на уредот, замена на деловите или
тргање настрана. Овие мерки за предупредување го
спречуваат невнимателниот старт на вшмукувачот.
Ставање во употреба
 Пред да почнете со вшмукувањето осигурете се
дека филтерската единица е цврсто монтирана.
 Користете само неоштетени филтери (без процепи,
дупки итн.). Веднаш заменете го оштетениот
филтер.
Вклучување/исклучување
За да се заштеди енергија, вклучувајте го вшмукувачот
само доколку го користите.
– За вклучување на вшмукувачот, притиснете го
копчето за вклучување-исклучување 2.
– За исклучување на вшмукувачот, одново притиснете
го копчето за вклучување-исклучување 2.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
 Извадете ја батеријата, пред одржувањето или
чистењето на вшмукувачот, пред регулирање на
поставките на уредот, замена на деловите или
тргање настрана. Овие мерки за предупредување го
спречуваат невнимателниот старт на вшмукувачот.
 Одржувајте ја чистотата на вшмукувачот и отворите
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
– Повремено исчистете го куќиштето на вшмукувачот со
влажна крпа.
– Исчистете ги извалканите контакти за полнење со сува
крпа.
Чистење на комората за прав
(погледнете ги сликите C1–C3)
Исчистете ја комората за прав 8 по секоја употреба, за да
го одржите максималниот капацитет на вшмукувачот.
– Држете го вшмукувачот лесно навален, за да не падне
прав од комората за прав при отворањето на
вшмукувачот.
– Притиснете на копчето за отклучување 1 и извадете ја
комората за прав 8 од куќиштето за моторот 7.
– Посегнете во отворот 13 на куќиштето на моторот 7 и
извлечете ја филтерската единица 15 на дихтунгот на
филтерот 14 од куќиштето на моторот.
– Истресете ја комората за прав 8 над еден соодветен сад
за отпад.
Bosch Power Tools

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

Professional gas 10,8 v-li

Tabla de contenido