Македонски; Безбедносни Напомени; Употреба Со Соодветна Намена; Илустрација На Компоненти - Bosch Professional GLL 2-20 Manual De Instrucciones

Nivel láser lineal
Ocultar thumbs Ver también para Professional GLL 2-20:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 16
OBJ_BUCH-2630-003.book Page 40 Monday, June 20, 2016 11:59 AM
40 | Македонски
Македонски
Безбедносни напомени
Сите упатства треба да се прочитаат и да
се внимава на нив, за да може безбедно и
без опасност да работите со овој мерен
уред. Доколку мерниот уред не се
користи согласно приложените инстру-
кции, може да се наруши функцијата на вградените
заштитни механизми во мерниот уред. Не ја оштету-
вајте ознаката за предупредување на мерниот уред.
ДОБРО ЧУВАЈТЕ ГИ ОВИЕ УПАТСТВА И ПРЕДАДЕТЕ ГИ
ЗАЕДНО СО МЕРНИОТ УРЕД.
 Внимание – доколку користите други уреди за
подесување и ракување освен овде наведените или
поинакви постапки, ова може да доведе до опасна
изложеност на зрачење.
 Мерниот уред се испорачува со натпис за
предупредување (означено на приказот на мерниот
уред на графичката страна со број 9).
 Доколку текстот на налепницата за предупредување
не е на вашиот јазик, врз него залепете ја
налепницата на вашиот јазик пред првата употреба.
Не го насочувајте ласерскиот зрак на
лица или животни и не погледнувајте
директно во него или неговата
рефлексија. Така може да ги заслепите
лицата, да предизвикате несреќи или да
ги оштетите очите.
 Доколку ласерскиот зрак доспее до очите, веднаш
треба да ги затворите и да ја тргнете главата од
ласерскиот зрак.
 Не вршете никакви промени на ласерскиот уред.
 Не ги оставајте децата да го користат ласерскиот
мерен уред без надзор. Може да ги заслепат другите
лица поради невнимание.
 Не ги користете ласерските очила како заштитни
очила. Ласерските очила служат за подобро
препознавање на ласерскиот зрак, но не заштитуваат
од ласерското зрачење.
 Не ги користете ласерските очила како очила за
сонце или пак во сообраќајот. Ласерските очила не
даваат целосна UV-заштита и го намалуваат
препознавањето на бои.
 Мерниот уред смее да се поправа само од страна на
квалификуван стручен персонал со оригинални
резервни делови. Само на тој начин ќе бидете сигурни
во безбедноста на мерниот уред.
1 609 92A 2ZX | (20.6.16)
 Не работете со мерниот уред во околина каде постои
опасност од експлозија, каде има запаливи
течности, гас или прашина. Мерниот уред создава
искри, кои може да ја запалат правта или пареата.
Не го принесувајте мерниот уред во
близина на пејсмејкери. Магнетите 20
создаваат поле, кое може да ја наруши
функцијата на пејсмејкерите.
 Држете го мерниот уред подалеку од магнетски
носачи на податоци и уреди осетливи на магнет.
Поради влијанието на магнетот 20 може да дојде до
неповратно губење на податоците.
Опис на производот и моќноста
Употреба со соодветна намена
Мерниот уред е наменет за одредување и проверка на
хоризонтални и вертикални линии.
Мерниот уред е исклучиво наменет за употреба во
затворени простории.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на илустрираните компоненти се однесува
на приказот на графичките страници.
1 Излезен отвор за ласерскиот зрак
2 Приказ за работење без автоматика за нивелирање
3 Приказ за предупредување за нивелирање
4 Приказ за видот на режим
5 Копче за начин на работа
6 Копче за исклучување на автоматиката за
нивелирање
7 Фиксирање на поклопецот на преградата за батерија
8 Поклопец на преградата за батеријата
9 Натпис за предупредување на ласерот
10 Сериски број
11 Прекинувач за вклучување/исклучување
12 Прифат на стативот 1/4"
13 1/4"-шраф на држачот
14 Механизам за фиксирање на држачот
15 Вртливо копче на држачот
16 Универзален држач
17 Основна плоча за држачот
18 Отвори за зашрафување на држачот
19 Ногарки за стабилизирање на држачот
20 Магнет
21 Ласерски очила*
22 Магнетна целна табла за ласерот
23 Статив*
24 Целна табла за ласерот*
25 Куфер за транспорт*
* Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од
стандардниот обем на испорака.
Bosch Power Tools

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido