– Струјните кабли може да ги пронајдете како метални предмети со режимот на
работа Метал. Притоа не се прикажуваат жичените кабли (за разлика од каблите
од тврд материјал).
– Статичкиот електрицитет може да доведе до тоа, каблите да се прикажат
непрецизно (на пр. преку поголем простор) или воопшто да не се прикажат. За
да го подобрите квалитетот на приказот, поставете ја вашата слободна дланка
покрај мерниот уред на ѕидот, за да создадете статички електрицитет.
Совети при работењето
Обележување на предмети
По потреба, може да го обележите пронајдениот предмет. Мерете како и обично.
Доколку сте ги пронашле границите или средината на металниот предмет, означете
го лоцираното место со отворот за означување (2).
Контрола на температурата
Мерниот уред е опремен со контрола на температурата, бидејќи прецизното
мерење е возможно само доколку температурата во внатрешноста на мерниот уред
е константна.
Доколку светне приказот Контрола на температурата (g), мерниот уред се наоѓа
надвор од границите на дозволената работна температура или бил изложен на јаки
температурни осцилации.
Исклучете го мерниот уред и оставете го најпрво да се темперира, пред
повторно да го вклучите.
Функција за предупредување
Доколку на екранот светне приказот за предупредување (b) и приказот за режим на
работа (4) трепка над копчето за режим на работа Сува градба (11), морате да го
рестартирате мерењето. Тргнете го мерниот уред од ѕидот и поставете го на друго
место на подлогата.
Ако на екранот трепка приказот за предупредување (b), тогаш испратете го мерниот
уред во заштитната чанта (19) кај овластена сервисна служба на Bosch.
Дополнителна калибрација
Доколку при работата со режимот Метал мерниот приказ (i) постојано отчукува,
иако нема метален предмет во близина на мерниот уред, можете рачно
дополнително да го калибрирате мерниот уред.
–
Проверете дали приказот на батеријата (h) покажува уште најмалку 1/3 од
капацитетот.
– Исклучете го мерниот уред.
Bosch Power Tools
Македонски | 279
1 609 92A 5DB | (23.02.2021)