Мерки На Претпазливост При Работа - CareFusion Alaris Instrucciones De Uso

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 56
H
I
M
B
A
Мерки на претпазливост при работа
Пумпите кои се монтираат на базната станица мора да бидат поставени во рамките на 1,0 m над или
под срцето на пациентот. Најточно следење на притисокот во сетот за продолжување се постигнува
кога пумпата е поставена блиску до нивото на срцето на пациентот.
Забрането е монтирање на базната станица со шприц насочен нагоре бидејќи тоа може да доведе
до вбризгување воздух кој можеби се наоѓа во шприцот. За да се заштити од влегување воздух,
корисникот редовно треба да ги следи текот на инфузијата, шприцот, продолжната линија и
уредите поврзани на пациентот, како и да ја следи процедурата за истиснување воздух наведена во
соодветното Упатство за употреба.
Забрането е монтирање на базната станица со влезниот приклучок за електрично напојување насочен
нагоре, бидејќи тоа може да влијае врз електричната безбедност во случај на истурање течност врз
базната станица. Задолжително е монтирање на базната станица во вертикална положба.
Шипката за фиксирање на која е фиксирана базната станица мора да биде проектирана за тежина
најмалку четири пати поголема од тежината на целосно оптоварена базна станица (за тежини на
секоја конфигурација на базна станица, погледнете во табелата во делот „Спецификации").
Alaris® DS количка за базната станица е дизајнирана да носи максимално 9 пумпи (6 пумпи со шприц
и 3 волуметриски пумпи). Забрането е користење на конфигурација поголема од конфигурацијата на
количката (погледнете во табелата во делот „Спецификации").
Базната станица не смее да се монтира на подвижен столб додека не се процени дека стабилноста и
цврстината на склопот е во согласност со IEC/EN60601-1 за подвижна опрема.
На излезните приклучоци за електрично напојување не смее да се поврзува друга опрема освен
Alaris® пумпи за инфузија. Доколку се поврзе друга опрема, дозволеното истекување на струја од
системот во земјата може да биде пречекорено.
Електромагнетна компатибилност и интерференција
Оваа базна станица (со монтираните пумпи) е заштитена од влијанијата на надворешни интерференции,
вклучувајќи пречки од емисија на високоенергетски радио-фреквенции, од магнетни полиња и
електростатички празнења (на пример, генерирани од електрохируршка опрема или од опрема за
каутеризација, големи мотори, преносливи радио-апарати, мобилни телефони итн.) и е дизајнирана
да остане безбедна во присуство на прекумерни нивоа на интерференција.
Базната станица не потпаѓа под опсегот на CISPR 11 бидејќи не користи наизменична струја или
преспојни сигнали над 9 KHz. Оттука, нејзините емисии на радио-фреквенции се многу ниски и не
предизвикуваат пречки за електронската опрема во нејзината близина. Сепак, оваа базна станица
(со монтираните пумпи) емитува одредено ниво на електромагнетно зрачење, кое е во рамките на
нивоата утврдени со IEC/EN60601-1-2 и IEC/EN60601-2-24. Доколку базната станица (со монтираните
пумпи) има меѓусебно влијание со друга опрема, треба да се преземат мерки за намалување на
влијанието, на пример, со менување на положбата или преместување на друго место.
Доколку базната станица се користи во присуство на запаливи анестетици, постои опасност од
експлозија. Внимавајте базната станица да ја поставите подалеку од такви опасни извори.
Опасен напон: Доколку е отворено или отстрането куќиштето на базната станица, постои опасност
од електричен удар. Сите сервисни работи доверете ги на квалификуван сервисен персонал.
При поврзување со надворешен извор на електрично напојување, задолжително е користење на
трожилен кабел (жива жица, неутрална жица и жица за заземјување). Доколку постојат сомневања
дека надворешниот заштитен проводник во инсталацијата е оштетен или неправилно распореден,
базната станица не смее да се користи.
Доколку базната станица падне или е изложена на прекумерна влага, истурање течност, влажност
или висока температура, или доколку постои сомневање дека е оштетена на некој друг начин, не
користете ја додека не биде проверена од квалификуван сервисен инженер. При транспортирање
или складирање на базната станица, користете ја оригиналната амбалажа секогаш кога тоа е
можно и придржувајте се кон упатствата за температура, влажност и притисок наведени во делот
„Спецификации" и на надворешната амбалажа.
1000DF00444 Iss. 2
Монтирање на пумпата
Опасности
201/210

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido